1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

МААЕ откри мини во околината на нуклеарката Запорожје

ЖА / агенции
25 јули 2023

МААЕ соопшти дека мините биле пронајдени во ограничена област која е недостапна за персоналот на фабриката. Нуклеарната централа Запорожје е под руска контрола од почетокот на март 2022 година.

нуклеарната електрана Запорожје, Украина
Сепак постојат мини во ареалот на нуклеарната електрана Запорожје, потврди МААЕФотографија: Dmytro Smolyenko/Ukrinform/abaca/picture alliance

Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија открија противпешадиски мини на периферијата на ареалот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која еокупирана од руски војници. За време на инспекцијата во неделата, специјалистите пронајдоа неколку мини во тампон зона помеѓу внатрешната и надворешната бариера на објектот, изјави директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, според соопштението на организацијата во понеделникот вечерта. Оперативниот персонал нема пристап до оваа област. Не се пронајдени мини во внатрешната област на локацијата.

Руските трупи ја окупираа нуклеарната електрана Запорожје кратко по почетокот на агресорската војна која Русија веќе 17 месеци ја води во Украина. Нуклеарката Запорожје во повеќе наврати се најде под оган,па иако таа не е во погон, во светот владее загриженост од можна атомска катастрофа. Со месеци Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за планирано свесно предизвикување инцидент во нуклеарната електрана, преку оружен напад врз неа или преку минирање. Обвинувањата доживеаја кулминација на почетокот на јули, кога се тврдеше дека постои опасност од многу скор напад, но во меѓувреме ситуацијата се потсмири.

Во времето на најжестоките кавги, МААЕ соопшти дека не гледа никакви знаци дека нуклеарната електрана е минирана, но со истовремено укажување дека постројката порано веќе била минирана и експертите немале пристап до сите нејзини делови.

Гроси сега изјави дека на МААЕ и` е познато дека се поставени мини надвор од ареалот и на одредени точки во самиот ареал.

„Постоењето такви експлозиви на локацијата е спротивно на безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност“, рече Гроси. Сепак, врз основа на сопствените набљудувања, неговата агенција заклучи дека детонирањето на овие мини не би требало да влијае на нуклеарната безбедност и безбедносните системи на објектот.

Москва го загрева реакторот

Неодамна се дозна дека руските окупаторски сили загреале друг реактор на електраната за да поправат еден реактор. Блокот број пет морало да биде затворен поради работи за техничко одржување, соопшти во вторникот раководството на електраната, според новинската агенција Интерфакс. За да се покријат потребите за пареа на централата, реакторот број четири бил загреан. Киев веќе го критикуваше овој чекор како опасен.

„Ваквите дејствија се грубокршење на условите на лиценцата за работасо овој нуклеарен објект. Блокот број четири во нуклеарната централа Запорожје во моментов може да работи само во ладна состојба“, се вели во соопштението на украинската компанија за нуклеарна енергија Енерхоатом. Причина за стравувањата е што блокот долго време не е во функција и за тоа време не бил сервисиран или поправен.

Официјално, електраната се уште се смета за затворена. Дури и кога се топли, блоковите на реакторот не произведуваат електрична енергија, туку само пареа. Фабриката беше затворена во септември 2022 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми