1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија тврди дека спречила шверц на нуклеарен материјал

СН/агенции
23 јуни 2023

Според руската контраразузнувачка служба ФСБ, радиоактивниот материјал требало да биде прошверцуван надвор од земјата и продаден на клиент во Украина. Киев досега не ги коментираше овие руски тврдења.

Радиоктивен цезиум-137, според наводи на ФСБ, требало да биде купен во Русија и пренесен до налогодавач во Украина
Радиоктивен цезиум-137, според наводи на ФСБ, требало да биде купен во Русија и пренесен до налогодавач во УкраинаФотографија: Satakorn/Zoonar/picture alliance

Руската служба за државна безбедност ФСБ објави дека уапсила пет лица кои се обиделе да купат еден килограм радиоактивен цезиум-137 за 3,5 милиони долари во име на украински државјанин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Според наводите на ФСБ, кои ги пренесува агенцијата, цезиумот-137 требало да биде изнесен од Русија и да му биде продаден на налогодавачот од Украина, за потоа да се користи да се инсценира инцидент со наводно оружје за масовно уништување, а сè со цел да се дискредитира Русија. Засега не е возможна независна потврда на руските тврдењата, а Украина сè уште не го коментираше случајот.

Седиштето на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација- ФСБ на плоштадор Лубјанка во МоскваФотографија: Igor Sinitsyn/imageBROKER/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неделава изјави дека украинските шпиони добиле информации дека Русија размислува за инсценирање на „терористички“ напад на нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина, која е под руска контрола, вклучувајќи и ослободување на радијација.

Русија ги отфрли ваквите тврдења и за возврат ја обвини Украина дека планира да ја заземе електраната и да ги гранатира нејзините објекти, вклучувајќи ги и оние каде што се складира нуклеарно гориво. Москва го обвини Киев и дека планира напад со „валкана бомба“ против Русија, што Украина го негираше.

ФСБ денеска соопшти дека лицата приведени во случајот цезиум-137 веќе ја признале вината, но не ги објави нивните имиња или други детали.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми