Украина: Загинати и повредени по масовните руски напади
7 март 2026
Русијаповторно ја нападнаУкраинасо масовни воздушни удари. „Русија истрела 29 ракети, од кои речиси половина балистички ракети, и 480дронови,од кои повеќето од типот Шахед, кон Украина“, соопшти украинскиот претседателВолодимир Зеленски.Покрај главниот град Киев, беа погодени и вториот по големина украински град Харков, како и регионите Запорожје, Одеса и Суми. Повторно, цел на руските напади билаенергетската инфраструктура,изјави Зеленски.
Тешки оштетувања во Харков
Особено тешко е погоден источниот украински градХарков.Според гувернерот Олег Синегубов, балистичка ракета погодила станбена зграда со пет ката. Според првичните информации, најмалку седум лица загинале, меѓу нив и две деца.
На објавените фотографии се гледаат големи оштетувања на зградата. Претседателот Зеленски изјави дека има повеќе од десетмина повредени. Во Киев, градоначалникот Витали Кличко ги повика граѓаните да побараат засолниште поради ракетната тревога.
Зеленски бара поголема поддршка
Зеленски уште еднаш ги повика западните партнери на посилна поддршка за Украина. „Русија не се откажува од обидите да уништи станбени објекти и критична инфраструктура во Украина“, рече тој. Затоа, Украина и понатаму има потреба од поддршка од партнерите во форма на ПВО-системи и оружје.
„На овие брутални напади врз човечки животи мора да има реакција од партнерите“, додаде Зеленски. „Сметаме на активна соработка со ЕУ за да обезбедиме поголема заштита за нашето население. Им сум благодарен на сите што придонесуваат зазајакнувањена нашата одбрана“, рече тој. Веќе повеќе од четири години Украина се брани од рускиот напад. Киев неодамна од западните сојузници повторно побара поголема помош во воздушната одбрана. Постои постојана жалба за недостиг од ракети за ПВО.