1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Војна во Украина: Заседава контакт групата „Рамштајн“

СН/агенции
9 јануари 2025

Во Германија денеска ќе се одржи состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во форматот „Рамштајн“. Во меѓувреме, бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз Запорожје порасна на 13.

Deutschland | US-Luftwaffenstützpunkt in Ramstein
Фотографија: Oliver Dietze/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  го потврди своето учество на денешниот состанок на Контакт групата за Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Тој  притоа истакна  дека клучна работа за Украина е да продолжи да ја зајакнува својата противвоздушна одбрана, да ѝ се пружи можност „што е можно помалку да  ги брка руските воени авиони од своите градови и граници“.

Официјален Вашингтон, пак според најави на медиумите,  планира на денешниот состанок на Контакт групата за Украина во форматот „Рамштајн“  да објави доделување нова помош за Киев - оружје и муниција во вредност од 500 милиони долари.

Фотографија: Ukrainisches Präsidialamt

Висок функционер на Пентагон, во изјава за светските новински агенции,  меѓутоа, посочуи дека тимот на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден нема да има време да префрли воена помош во Киев, во вредност од повеќе од две милијарди долари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Инаку со денешниот состанок во воздухопловната база Рамштајн ќе претседава министерот за одбрана на САД, Лојд Остин. 

Додека се бара решение за одбраната на Украина, судирите на фронтот не престануваат.

Вчера најмалку 13 цивили загинаа, а околу 30 се повредени во рускиот ракетен напад врз градот Запорожје во јужна Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски. 

Фотографија: Zaporizhzhia Regional Military Administration/REUTERS

Гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, предупреди неколку минути пред нападот на закана од проектили и наведувани, лизгачки бомби.

Руските трупи почнаа да лансираат лизгачки бомби врз Запорожје во средината на попладневните часови, при што погодија најмалку две станбени згради во градот, рече Федоров.

Русите често извршуваат воздушни напади врз цивилни области за време на речиси тригодишната војна, во кои загинаа илјадници цивили.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми