1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Војната во Газа и поделбите во германското општество

Ханс Фајфер
9 ноември 2023

Германскиот претседател Штајнмајер со Евреи и муслимани од земјата разговараше за последиците од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Неговите гости раскажуваа за длабоките пукнатини во германското општество.

Тркалезна маса за ситуацијата на Блискиот Исток во палатата Белви: Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги прими претставниците на еврејската и муслиманската заедница во Германија
Тркалезна маса за ситуацијата на Блискиот Исток во палатата Белви: Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги прими претставниците на еврејската и муслиманската заедница во ГерманијаФотографија: ODD ANDERSEN/AFP

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер покани на отворена дискусија, но на самиот почеток се обрати прво тој. „Нема да толерираме антисемитизам во земјава“, рече тој и на Евреите им гарантираше дека „земјата нема да има мир се додека тие се плашат за нивната безбедност и безбедноста на своите деца“. Втората изјава беше насочена кон „палестинската заедница“ во државата. „Не смее да има антимуслимански расизам, ниту генерализиран сомнеж спрема муслиманите“, рече претседателот и изјавата ја поврза со апелот: „Не дозволувајте да бидете инструментализирани од помагачите на помагачите на Хамас. Зборувајте во свое име. Покажете му црвен картон на теророт."

Алармантно зголемување на антисемитско насилство

Во Германија есента 2023 година е обележана од жестоки дебати за војната на Блискиот Исток. Од нападот на исламистичката палестинска организација Хамас на 7 октомври врз Израел, експерти зборуваат за алармантно зголемено антисемитско насилство. Се случија жестоки про-палестински демонстрации проследени со масовен ангажман на полицијата. Евреите делумно имаат страв да ги напуштат домовите и се плашат за безбедноста на нивните деца. Истовремено муслиманските здруженија се жалат за генерално сомничење на мигрантите и зголемена изолација.

Против теророт и антисемитизмот - митинг за солидарност со Израел на 22 октомври во БерлинФотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Претседателот Штајнмајер испрати порака во врска со ова. „Војната на Блискот Исток – за мирен соживот во Германија“ е темата на дебатата во која во претседателската палата, дворецот Белви, учествуваа 12 лица: половината со еврејска, а другата половина со муслиманска вероисповест. Сите тие претставуваат проекти за еврејско-муслиманска соработка. Тие раскажуваат за длабока поделба во општеството. Не е нов, но подлабок после 7 октомври. Емоциите во заедниците се зовриени. Михаил Фирст е претседател на еврејската заедница во Долна Саксонија. Тој со години се залага за дијалог межу Евреите и Палестинците. Сега, вели тој пред Штајнмајер, „многу членови на заедницата ми велат дека проектот го доживуваат како шоу“. Тоа што во Израел се случи со нападот на Хамас, која многу држави ја категоризираат како терористичка, за луѓето е „пукање на браната – најголемо убиство на Евреи од Холокаустот наваму“. Многу Евреи се повлечени во сопствената заедница. Дијалогот е важен, но во моментов е тешко спроведлив, вели Фирст.

Генерален сомнеж спрема муслимани и доселеници

Слични се и искуствата на Дервиш Хизарчи од Берлин, чии родители потекнуваат од Турција. Тој е шеф на проектот „Иницијатива на Кројцберг против антисемитизам“, кој во мигрантската муслиманска заедница во главниот град се бори против омраза и предрасуди. „Во изминатите недели добивме барања од 500 наставници за насоки како во наставата да ја третираат темата со конфликтот", вели Штајнмајер. Расположението на училиштата е загреано, децата со мигрантско-муслиманска позадина се чувствуваат ставени под генерален сомнеж од страна на мнозинското население. Училиштата се префорсирани со темата антисемитизам. „Ако тие деца и младинци ги стигматизираме, ако не успееме во инклузијата, тие деца ќе ја прекинат врската со Германија“, категорично предупреди тој. Штајнмајер се воздржува во дијалогот и се концентрира на прашањата за неговите гости. 102-годишната преживеана од Холокаустот, Маргот Фридлендер ја прашува што би им порачала на Евреите кои имаат сомнежи дали може и натаму да живеат во Германија.

Дервиш Хизарџи, претседател на берлинското здружение „Кројцбергер против антисемитизмот“Фотографија: DW/Hans Pfeifer

Други учесници ги прашува дали проектите им страдаат заради актуелната ситуација. Повремено бара емпатија и ги пофалува иницијативите за нивната храброст и нивната работа.  „Германија денес е отворена кон светот и разнолика", вели Штајнмајер и се обидува да ги охрабри и морално да ги поддржи присутните, но реалноста истовремено се чини деморализирачка. Токму ден пред средбата, повеќе здруженија и научници пренесоа мрачна слика за антисемитските случувања во земјата. На заедничка прес-конференција со пратеникот на сојузната влада за антисемитизам и шефицата на Холокауст споменикот „Домот на конференцијата од Ванзе“, првиот човек на фондацијата „Амадеу Антонио“, Николас Леле, билансира дека ситуацијата се влошува.

Научникот Беате Кипер предупредува со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток, фокусот да се става исклучиво на муслимански лица со миграциска позадина. „Тоа е точно и важно, но не смее да го одвлекува вниманието од фактот дека антисемитизам пред се доаѓа од десницата“, вели таа и додава дека АфД е десна партија која е одговорна за пукнатините во германската култура на сеќавање на минатото.

„100 милијарди за едукација против омразата!"

Што да се прави во борбата против антисемитизам и антиисламски расположенија? На тркјалезната маса со Штајнмајер за едно прашање владее консенз – без едукација, ништо не може да функционира. Разочарувањето на гостите од политиката е јасно и гласно. Тие се жалат што темата со години не се третира сериозно, дека недостигаат добри понуди на содржини, токму и кај важните теми антисемитизам и нетрпение спрема муслиманите. 

Како во Германија се реагира на теророт во Израел

01:38

This browser does not support the video element.

Последиците тешко може да се предвидат, се вели. „Ако не земеме веднаш 100 милијарди евра и да ги инвестираме во едукацијата, нема да може веќе да се справиме со сето ова“, предупредува Хизарчи. „Ваквите поделби во општеството се исто толку егзистенцијални колку и климатските промени“, посочува тој.

На крајот на средбата, Хизарчи има порака за претседатело. „Господине Штајнмајер, да повикаме на марш на молкот. Да излеземе заедно на улица и да покажеме колкава болка чувствуваме", рече тој. Претседателот му се заблагодари добронамерно, но не и потврдно. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми