1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Волков по нападот со чекан: „Не се откажуваме“

ЖА
13 март 2024

Засега непознати сторители го нападнале критичарот на Кремљ кој живее во егзил во Литванија и му ја скршиле раката.

Леонид Волков, рускиот опозиционер и бивш советник на неодамна починатиот Алексеј Навални
Леонид Волков, рускиот опозиционер и бивш советник на неодамна починатиот Алексеј НавалниФотографија: Jean-Francois Badias/AP/picture alliance

Леонид Волков, рускиот опозиционер и бивш советник на неодамна починатиот Алексеј Навални, кој сега живее во егзил во Литванија, со борбена изјава  по нападот со чекан врз него: „Ние ќе ја продолжиме работата и нема да се откажеме“. 43-годишниот Волков во онлајн видео објавено на Телеграм изјави дека бил жртва на „типичен ганстерски напад“ на  послушниците на рускиот претседател  Владимир Путин: „Тие од мене буквално сакаа да направат шницла“.

При нападот пред неговата куќа му била скршена раката: „Ме удираа околу 15 пати по ногата, но таа е сепак добро, иако ме боли при одење...Но, мојата рака е скршена.“

Волков во вторникот бил брутално нападнат пред неговата куќа во литванскиот главен град Вилнус. Поранешната портпаролка на Алексеј Навални, Кира Јармиш изјави дека Волков бил нападнат со солзавец и удиран со чекан.

„Некој го скршил стаклото на неговиот автомобил и испрскал солзавец во неговите очи. Потоа напаѓачот започнал да го удира Леонид со чекан“, објасни Јармиш.

Литванскиот министер за надворешни работи на социјалната мрежа Х нападот врз Волков го нарече шокирачки и порача дека извршителите ќе бидат изведени пред правдата заради своето недело.

Волков беше еден од најблиските соработници и меѓу другото и шеф на поранешниот штаб на  рускиот опозиционер Алексеј Навални.  Освен тоа, Волков до 2023 година беше на чело на антикорупциската фондација на  критичарот на Кремљ.

Навални, како што тврдат руските власти, починал на 16 февруари во руски казнен логор на Арктикот, каде отслужуваше 19-годишна затворска казна. Официјално, Навални починал од  „природна смрт“,  но точните околности и натаму не се познати.  Приврзаниците на Навални  и бројни западни политичари за смртта на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми