1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Володимир Зеленски неповреден по сообраќајка во Киев

ЖА /АФП
15 септември 2022

Врз возилото на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев налетал приватен автомобил, случајот се истражува, а украинскиот претседател нема сериозни повреди.

Украинскиот претседател Зеленски го посети ослободениот град Изјум
Украинскиот претседател Зеленски го посети ослободениот град ИзјумФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

Приватно возило во украинскиот главен град Киев се судрило со возилото на Володимир Зеленски и други автомобили од неговата колона, соопшти портпаролот на украинскиот претседател, Сергиј Никифоров ноќеска на Фејсбук. Санитетските работници од колоната му пружиле прва помош на возачот од возилото. Претседателот бил подложен на лекарски прегледи, но не се констатирани сериозни повреди.

Во тек е истрага за околностите на сообраќајната несреќа, истакна портпаролот Никифоров.

Зеленски вчера (14.09.2022) беше во посета на  градот Изјум во регионот Харков,  повторно освоен од страна на украинската војска во рамките на широката контраофанзива,  каде присуствуваше на церемонија на подигање на украинското знаме.

Во својата кратка видео порака, објавена кратко по веста за сообраќајната несреќа, Зеленски изјави дека целиот регион Харков во меѓувреме е ослободен од рацете на руските окупатори. „На украинската армија ѝ успеа да го направи она што многумина го сметаа за невозможно“, истакна украинскиот претседател.

Украинската армија, според сопствени наводи, во изминатите неколку денови во својата контраофанзива забележа големи воени успеси во североисточниот регион Харков, исто како и на јужниот фронт во близина на градот Херсон на Црното Море.  Под украинска контрола се вратени стотици населени места и неколку илјади квадратни километри површина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми