1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надзор: 11 задолжителни препораки за безбедноста во М-НАВ

ДТЗ
25 јануари 2024

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) подготви 11 задолжителни мерки за М-НАВ, како и прекршочни платни налози и санкции за фирма и лице.

Flugverkehrskontrolle
Фотографија: ISNA/S. Khishpeyman

Вонредниот надзор во Македонска навигација откри низа сериозни прекршувања и непочитувања на законски одредби и на подзаконски акти во делот на обезбедувањето. Не се почитувани процедурите за обезбедување во М-НАВ, не е почитувана програмата за обезбедување, ниту пак се почитувани одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај. 

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), подготви прелиминарен извештај по вонредниот надзор во М-НАВ, инициран по упадот во Контролата на летање, за што е покрената и кривична постапка. Со него се предвидуваат 11 задолжителни мерки за М-НАВ, како и прекршочни платни налози и санкции за фирма и лице. 

Непочитување на процедурите 

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, за државната агенција МИА вели дека не се почитувани процедурите за обезбедување во М-НАВ, не е почитувана нивната програма за обезбедување, не се почитувани одредбите на Националната програма за обезбедување на воздушниот сообраќај и одредени одредби од Законот за воздухопловство. 

Вонредната инспекција исто така покажала дека „некој своеволно си зел за право во М-НАВ да не ги почитува процедурите, туку да работи според сопствено убедување“. Тоа довело до неовластено или незаконско влегување на лица во службени простории, но не во оперативната сала каде се остварува комуникација помеѓу авионите и контролорите. „И заради низа други пропусти кои веројатно се толерирале подолг период во самиот објект, како на пример да не се држи затворена одредена врата што требало да им биде затворена за да им биде покомотно. Станува збор за сплет на околности кои довеле до  повреда на безбедносните процедури од аспект на физичко обезбедување  на објектот“, вели Тунтев. 

Подготвени се 11 задолжителни мерки за М-НАВ, како и прекршочни платни налози и санкции за фирма и лице. фото:архиваФотографија: Getty Images

Задолжителни мерки 

Овластен инспектор издал решение со наредба - утврдени се 14 наоди и од нив изречени се 11 задолжителни мерки кои ќе треба да се применат во М-НАВ. Дел од нив се со рок веднаш, некои со 15 дена, некои 90 дена, некои според рок кој дополнително ќе биде утврден во заедничка комуникација.

„Освен 11 задолжителни мерки ќе има три препораки до кои инсистираме да се држат, а ќе има и оперативна директива за одредени активности што сега не се дел ниту од Националната програма за обезбедување, ниту од законот, а не можеме да чекаме да ги смениме“, вели Тунтев.  

Инцидентот се случи на 4 јануари, кога беа нападнати тројца вработени во Контрола на летање. Од Кривичниот суд информираа дека настанот не се случил во контролната кула каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата.

Упадот следеше откако синдикатот на прес-конференција алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. За случајот се осомничени осум лица. 

По инцидентот беше сменето дел од раководството на М-НАВ. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми