1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Воведена е забрана за собири во центарот на Лос Анџелес

ЕМФ / дпа
9 јуни 2025

Поради сѐ позаострената ситуација во Лос Анџелес, безбедносните власти издадоа наредба за забрана за собирање во центарот на градот.

САД 2025 | Протести во Лос Анџелес
Протести во Лос Анџелес , 8.06.2025Фотографија: Mario Tama/Getty Images

Центарот на Лос Анџелес мора веднаш да се расчисти, објави полицијата на платформата X. Соопштено е и дека на маргините на протестите во метрополата за време на викендот биле уапсени 56 лица. Шефот на полицијата Џим Мекдонел изјави: „Бројот на апсења досега не е ништо во споредба со она што допрва доаѓа“.

На маргините на протестите во метрополата за време на викендот биле уапсени 56 лицаФотографија: Apu Gomes/Getty Images

До раните вечерни часови во неделата (по локално време), имаше поединечни протести само во центарот на Лос Анџелес - во обем што вообичаено тешко би предизвикал големи бранувања. На маргините на овие претежно мирни демонстрации имаше и насилство, но ситуацијата вистински зовре откако американскиот претседател Доналд Трамп, спротивно на желбите на локалните власти, нареди распоредување на Националната гарда на САД, па дури и мобилизација на редовната војска. Во меѓувреме, „работите излегоа од контрола“, изјави Мекдонел вчеравечер. Тој додаде дека за да може да процени дали се потребни надворешни засилувања, прво треба да знае како точно Националната гарда ќе ѝ помогне на полицијата во Лос Анџелес за одржување на редот.

Припадници на Националната гарда распоредени во Лос Анџелес поради протеститеФотографија: Frederic J. Brown/AFP

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја обвинува администрацијата на Трамп за намерно провоцирање ескалација и кршење на важечките закони со цел да се прикаже како решителен претседател. Демократот, кој се смета за можен кандидат за претседателските избори во САД во 2028 година, објави дека оваа американска сојузна држава ќе поднесе тужба против владата.

Лос Анџелес, 8.06.2025Фотографија: Frederic J. Brown/AFP

Зголемените акции на американската служба за имиграција ИЦЕ, која по директивите на Трамп има за цел да апси и депортира мигранти без важечки документи, предизвикаа први протести во областа на Лос Анџелес кон крајот на минатата недела. Трамп поради тоа мобилизираше најмалку 2.000 војници на Националната гарда во саботата навечер (по локално време) и не ја исклучи можноста за ангажирање на редовната војска.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми