1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСирија

Воздушни напади врз воени цели–Израел сака „поинаква Сирија“

ЖА
10 декември 2024

По падот на режимот на Асад во Сирија, Израел напаѓа воени институции и авионски бази во целата земја, но демантира копнено напредување настрана од тампон зоната.

Експлозии во Дамаск, архивска фотографија
Експлозии во Дамаск, архивска фотографијаФотографија: Muhammad Khair/AA/abaca/picture alliance

Во масивните воздушни напади ноќта кон вторник се уништени повеќе хеликоптери и авиони, како и објекти на Републиканската гарда во и околу Дамаск, се дознава од регионални безбедносни извори и офицери на досегашната сириска војска.

Но, израелската армија демантира дека нејзините војници навлегле и на копно настрана од тампон зоната, на околу 25 километри од Дамаск.

Израел синоќа најави натамошни напади во Сирија, со цел заштита на своите граѓани, како што истакна министерот за надворешни работи Гидеон Сар: „Затоа напаѓаме врз стратешките оружени системи, како преостанатото хемиско оружје или ракети со долг дострел, за да не паднат во рацете на екстремистите“.

Израел врши „промена на ликот на Блискиот Исток“, изјави израелскиот премиер  Бенјамин Нетанјаху.  Асадовата Сирија „беше важна алка во оската на злото на Иран. Израел сега сака поинаква Сирија, за доброто  на Израел,  како и за доброто на Сиријците," изјави Нетанјаху. 

Според груби проценки од извори од бивши сириски офицери, по околу 200 напади на израелската војска, не е останато речиси ништо од институциите на сириската армија. Инсајдер тврди дека израелските трупи стигнале до Катана, град на десет километри источно од тампон зоната контролирана од Израел.

„Тоа не е точно, израелските војници не ја напуштаат тампон зоната“, демантира портпарол на израелската армија.

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен предупреди од повторно зајакнување на екстремистичката милиција Исламска држава во Сирија. Соборувањето на режимот на Башар ал Асад нуди историска шанса, но  Исламска држава ќе ја користи ситуацијата за свое засилување, предупреди Блинкен: „Тоа нема да го дозволиме, како што покажавме со прецизните напади на викендот“, истакна тој. Во неделата  американската армија нападнала цели на ИД во Сирија,  која во 2014 година освои големи територии во Сирија и Ирак и таму прогласи калифат. Коалиција предводена од САД во 2019 година го запре подемот на ИД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми