1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вработен во гимназија во Сански Мост уби тројца колеги

ЕМФ | агенции
21 август 2024

Вработен во гимназија во Сански Мост, Босна и Херцеговина, со автоматска пушка уби тројца свои колеги.

полиција босна и херцеговина
Фотографија: Samir Jordamovic/Anadolu/picture alliance

Тројца вработени во гимназија во Сански Мост, во Босна и Херцеговина, изутринава (21.08) се убиени од страна на свој колега. Напаѓачот пукал со автоматска пушка, а потоа се обидел да се самоубие.

Според медиумски извештаи, убиени се директорот на училиштето, една професорка и секретарката на гимназијата. Според изјави на очевидци, помошникот работник влегол во училиштето вооружен со пушка барајќи „одредени луѓе“.

„Пукањето се случило во 10 часот и 15 минути. Машкото лице Н.Н. со автоматско огнено оружје убило тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди себеси и се здобил со тешки телесни повреди. Префрлен е во Ургентниот центар Бања Лука. Полицијата е на лице место“, соопшти портпарол на полицијата.

Нема официјални информации за мотивите за нападот, но локалните медиуми шпекулираат дека напаѓачот се соочувал со дисциплинска постапка. 
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми