1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоСоединети Американски Држави

Вработените го тужат Твитер поради масовните отпуштања

ЕМФ / ртр
5 ноември 2022

Вработените во Твитер во САД поднесоа збирна тужба против онлајн платформата поради масовните отпуштања од работа.

Централата на Твитер во Сан Франциско, САД
Централата на Твитер во Сан Франциско, САДФотографија: Noah Berger/AP/dpa/picture alliance

Вработените во Твитер во САД ја тужат платформата поради тоа што при делењето откази не бил испочитуван отказниот рок од 60 дена. Со тоа, како што се вели, се прекршени сојузните закони и законите на Калифорнија.

Твитер, како што се вели во твитот на раководителот на одделот за безбедност и интегритет, Јоел Рот, отпуштил половина од вработените. Тоа е прва потврда од Твитер за обемот на отказите. „Секому кој доби отказ, му е понудено обесштетување во висина од три месечни плати“, напиша шефот на Твитер, Илон Маск.

Карикатура на Сергеј Елкин: „Како реформира Илон Маск“Фотографија: DW

Oткази им се поделени на околу 3700 вработени ширум светот, односно на половина од вработените во Твитер. Маск тврди дека немал друг избор, затоа што компанијата губела по четири милиони долари дневно. Американскиот мултимилијардер го купи Твитер минатата недела за 44 милијарди долари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми