1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Вреди“ на чекор до формирање на албанска академија

ДТЗ
15 октомври 2024

Од Коалицијата „Вреди“ информираа дека ја поддржуват оваа идеја и проект затоа што ценат дека е дојдено времето Албанците да бидат претставени соодветно и на академско ниво

Коалиција „Вреди“
„Вреди“ на чекор до формирање на албанска академија на наукитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ се подготвени да ја финансираат новата албанска академија на науките. Тие во Тетово одржаа средба со професори од Здружението на граѓани „Албанска академија на науките и уметност“ со цел да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир.

По средбата, од Коалицијата „Вреди“ информираа дека ја поддржуват оваа идеја и проект затоа што ценат дека е дојдено времето Албанците да бидат претставени соодветно и на академско ниво.

„Ние сме отворени за дебата и политичка во рамки на политичките чинители кај Албанците и со претставниците на политичките партии на Македонците и со сите други општествени научни фактори во државата, затоа што овој проект не е против никого. Овој проект е за Албанците да придонесуваат со својот потенцијал во делот на развојот на науката“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово и претседател на Движење Беса.

Хисен Јашари од Здружението истакна дека пред една година барале кај сите политички партии, но само од Коалицијата „Вреди“ ги прифатиле за разговор. Информира дека бараат општествен дијалог, имаат доставено елаборат од 120 страници до Владата за кој не добиле одговор. 

Академиците и партиите порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизираФотографија: DW/A. Feilcke

„Бараме академска слобода“ 

„Бараме академска слобода. Ние функционираме како академија, структурата на луѓето е таква. Ние сме регистрирани како здружение на граѓани, бидејќи тоа ни беше условот за да може да не регистрираат, но структурата, прашањата со кои се занимаваме се академски. Ние функционираме како академија“, вели Јашари. 

Четири општини најавуваат дека финансиски ќе застанат зад здружението.  „Ќе го поддржиме како проект и ќе работиме заедно со професорите, тоа да има и формално-правно решение. Како ќе биде формално-правно тоа останува на договорот што ќе го постигнеме со коалициските партнери и со сите чинители во оваа држава“, рече Касами. 

Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок веќе извесно време ја бранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие изминатиов периов во повеќе наврати порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а  МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ставот зад кој застанаа и академици од МАНУ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми