1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваОбединето Кралство

Врховен суд во Лондон: „Жена“ законски значи биолошка жена

СН/дв | агенции
16 април 2025

Во пресудата се наведува дека трансродовите жени со Сертификат за признавање на родот не се сметаат за жени според законот за еднаквост на Обединетото Кралство. ЛГБТ групите ја осудија пресудата.

Седиштето на Врховниот суд на Обединетото кралство во Лондон
Седиштето на Врховниот суд на Обединетото кралство во ЛондонФотографија: Maja Smiejkowska/REUTERS

Врховниот суд на Обединетото Кралство денеска пресуди дека британскиот закон за еднаквост ја дефинира жената како поединец кој е роден биолошки женско.

„Поимите 'жена' и 'пол' во Законот за еднаквост се однесуваат на биолошка жена“, рече судијата на Врховниот суд, Патрик Хоџ.

Петмина судии на Врховниот суд ја донесоа пресудата едногласно.

Во пресудата се наведува дека трансродовата жена со Сертификат за родово признавање (ГРЦ) кој ја идентификува како жена, не се смета за жена според британскиот закон за еднаквост.

Случајот произлегува од шкотскиот закон од 2018 година усвоен од шкотскиот парламент кој бара 50 отсто женска застапеност во јавните одбори, вклучувајќи ги и трансродовите жени во неговата дефиниција за жени.

Денешната одлука „не ја укинува заштитата за трансродовите лица“, кои се „заштитени од дискриминација врз основа на промена на полот“, соопшти највисокиот суд на Обединетото Кралство.

За што беше случајот?

Групата наречена „За жените Шкотска“ (ФВС) го оспори шкотскиот закон од 2018 година, тврдејќи дека редефинирањето на терминот „жена“ е надвор од надлежностите на делегираниот шкотски парламент.

Шкотските власти потоа издадоа ново упатство во кое беше наведено дека дефиницијата за жена вклучува лица со Сертификат за признавање на полот.

Судот тврди дека денешната одлука „не ја укинува заштитата за трансродовите лица“ во Велика БританијаФотографија: Thomas Krych/ZUMA Press Wire/picture alliance

Потоа, ФВС тврдеше дека пресудата може да влијае на правата засновани на полот и просторите за само еден пол, како што се тоалетите, болничките одделенија и затворите, низ Шкотска, Англија и Велс.

„Денес судиите го кажаа она што ние отсекогаш верувавме дека е вистина: дека жените се заштитени со својот биолошки пол“, рече Сузан Смит, една од основачите на ФВС.

Шкотскиот суд го отфрли барањето во 2022 година, но на групата ѝ беше дозволено да поднесе жалба до Врховниот суд минатата година.

Групите за заштита на правата ја осудија пресудата

Амнести интернешенел поднесе поднесок до судот во кој изразува загриженост за падот на правата на трансродовите лица во Велика Британија и на глобално ниво.

Групата тврди дека укинувањето на заштитата од родова дискриминација за трансродовите лица ги крши законите за човекови права.

„Генералната политика на забрана за пристапот на трансродовите жени до услуги за само еден пол не е пропорционално средство за постигнување легитимна цел“, соопшти Амнести интернешнал.

ЛГБТК добротворната организација Стоунвол денеска соопшти дека пресудата е „неверојатно загрижувачка за транс заедницата“.

„Стоунвол ја споделува својата длабока загриженост за широките импликации од денешната одлука на Врховниот суд“, рече Сајмон Блејк, извршен директор на добротворната организација со седиште во Велика Британија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми