1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ ја прекина посетата на САД откако му се слошило

ЕМФ | агенции
3 мај 2025

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја прекина посетата на Соединетите Американски Држави бидејќи му се слошило, објавија српските медиуми.

Србија Александар Вучиќ
Александар Вучиќ ја прекина посетата на САДФотографија: Nicolas Economou/picture alliance/NurPhoto

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош. По прегледите и лекарските консултации, Вучиќ донесол одлука да се врати во Србија. Во текот на наредните денови кабинетот на претседателот би требало да ја информира јавноста за што точно се работи. Танјуг денеска (3.05) јави дека Вучиќ е веќе на пат за Белград.

Вучиќ во САД требаше да има средби со луѓе од врвот на Републиканската партија.

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му посака на Вучиќ што побрзо опоравување.

Тој на платформата Х му испрати порака на српскиот претседател дека му е жал и дека се надева оти сѐ е во ред.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми