1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

За еден месец судење за „Пулс“ - блокадите во мирување

ДТЗ
16 октомври 2025

На 19 ноември ќе започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Блокади ќе нема, но секоја сабота ќе се одржува „Маршот на ангелите“

Основен суд Скопје
На 19 ноември ќе започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Фотографија: DW/P. Stojanovski

На 19 ноември ќе започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Роднините на загинатите коишто со месеци наназад одржуваат маршеви и протести, најавија дека ќе ги стават во мирување секојдневните едночасовни блокади на сообраќајниците во градот, но и понатаму ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота.

Тие преку соопштение информираа дека со големо внимание ќе го следат судскиот процес,со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата.

„Бидејќи добивме датуми за рочишта, ве известуваме дека секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на нашата упорност и борба за вистината“, се наведува во соопштението. 

Семејствата очекуваат „фер, транспарентен и непристрасен процес“.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Кривичниот суд во Скопје објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во затворот „Идризово“. Во пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Фер и непристрасен процес

Семејствата очекуваат „фер, транспарентен и непристрасен процес во Македонија, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе“.

„Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста“, порачаа најблиските на загинатите во пожарот. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми