1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

За Шолц, опасноста од нуклеарна ескалација е намалена

ЖА /АФП
8 декември 2022

„Русија престана да се заканува со употреба на атомско оружје“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Кратко потоа, Путин повторно се закани со атомско оружје – доколку Русија биде нападната.

Германскиот канцелар Олаф Шолц
Германскиот канцелар Олаф ШолцФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека опасноста од нуклеарна ескалација во војната во Украина е намалена. „Русија престана да се заканува со употреба на атомско оружје. Тоа е реакција на црвената линија која ја исцрта меѓународната заедница", изјави Шолц за медиумите од групата Функе и за францускиот весник „Квест-Франс“.

На прашањето, дали опасноста од нуклеарна ескалација е целосно избегната, Шолц со одговор – „ во моментов поставивме стандарди против тоа“. Канцеларот повторно упати повик до Москва за итен прекин на војната и  повлекување на трупите од Украина.  Истовремено, тој изрази спремност „да разговара со Русија околу контрола на вооружувањето во Европа, што на Москва и` е понудено уште пред војната, а во однос на таа позиција, ништо не е сменето."

Шолц од друга страна ја истакнува оправданоста од пружање помош на Украина. „Германија, по САД, спаѓа во земјите кои најсилно ја поддржуваат Украина, вклучително и со оружје. Притоа, германската влада е во постојани консултации со сојузниците. Патем, никој досега не и` испорача на Украина тенкови од западно производство“, дополни Шолц.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера (07.12.2022) изјави дека Москва би посегнала по  употреба на атомско оружје  само како реакција на напад врз земјата. „Оружјето за масовно уништување,  нуклеарното оружје,  го сметаме за средство на одбрана“, истакна шефот на Кремљ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми