Тајфунот Шаншан пустоши во Јапонија
30 август 2024Тајфунот Шаншан денеска предизвика рекордни врнежи на дожд додека полека се движи низ Јапонија, предизвикувајќи транспортен хаос и широко распространети предупредувања за лизгање на земјиштето во кои загинаа до шест лица.
Тајфунот, еден од најжестоките кој ја погоди Јапонија во последните децении, ослабна и се прогнозира дека до понеделник ќе ослабне до јачина на тропски циклон, иако налетите сè уште достигнуваа 126 километри на час рано утрово.
Дури и пред да стигне до копното на островот Кјушу, од лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови кои му претходеа, загинаа тројца членови од истото семејство доцна во вторникот во префектурата Аичи, одалечена на околу 1.000 километри.
Владиниот портпарол Јошимаса Хајаши потврди четири смртни случаи, но рече дека за еден случај „се проучува поврзаноста со тајфунот“. Се стравува дека уште двајца се мртви, а две лица се исчезнати, рече Хајаши.
Осум лица се тешко повредени, а 70 се полесно повредени, рече тој, а многумина се повредени од скршено стакло откако тајфунот ги скрши прозорците и откорна ќерамиди од покривите кога го погоди Кјушу во четвртокот со налети до 252 километри на час.