1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Руски ракетен напад на станбен блок во Лвов- повеќе загинати

ЖА / агенции
6 јули 2023

Во досега најтешкиот руски напад врз цивилни цели во Лвов, во украинскиот град се убиени најмалку четири луѓе. Украинскиот претседател Зеленски најави „конкретен одговор“

Руски ракетен напад во Лвов
Руски ракетен напад во ЛвовФотографија: Mykola Tys/AP/picture alliance

Во ракетен напад во станбен кварт во западниот украински град Лвов, според наводите на Министерството за внатрешни работи, убиени се најмалку четири луѓе, а девет се повредени. Акцијата за потрага и спасување е во тек, а досега од под урнатините на уништените станбени објекти се спасени и евакуирани повеќе од 60 жители.

Спасувачките екипи ги извлекуваат станарите од погодените куќи во рускиот ракетен напад во ЛвовФотографија: ROMAN BALUK/REUTERS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека „дефинитивно ќе следува конкретен одговор до непријателот“, како што напиша на Телеграм. На видео снимките од Лвов се гледаат силно оштетени и делумно разурнати станбени објекти вдолж цела една улица. Зеленски снимките ги проследи со зборовите: „Последици на ноќешниот напад од страна на руските терористи“.

Најмалку четворица загинати и девет ранети во рускиот ракетен напад во ЛвовФотографија: PRESIDENTIAL PRESS SERVICE/REUTERS

Градоначалникот на Лвов Андриј Задовиј оцени дека ова е најтешкиот напад врз цивилната инфраструктура во градот од почетокот на руската агресорска војна против Украина пред повеќе од 16 месеци, при што уништени се повеќе од 50 куќи. До јуни, во градот беше мирно подолго време, но деновиве повторно зачестија воздушни напади.

Во Лвов се сместени 150.000 бегалци од завојуваните региони во Украина Фотографија: PRESIDENTIAL PRESS SERVICE/REUTERS

Во Лвов, поранешен Лемберг, кој се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска, се засолнати многу бегалци од завојуваните области во источна Украина. Градоначалникот изнесува податок од јуни, според кој градот со првично 720.000 жители, од почетокот на руската инвазија, прифатил околу 150.000 луѓе. 

На првата линија на украинската контраофанзива

01:44

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми