1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТајван

Загинати и повредени во силен земјотрес во Тајван

СН/агенции
3 април 2024

Истокот на Тајван беше погоден од силен земјотрес. Најмалку седум лица загинаа, а стотици се повредени. Сеизмолозите зборуваат за најсилниот земјотрес во регионот во последните 25 години.

Петкатна зграда во местото Хуалиен беше тешко оштетена од силниот земјотрес
Петкатна зграда во местото Хуалиен беше тешко оштетена од силниот земјотресФотографија: TVBS via AP/dpa/picture alliance

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во силниот земјотрес кој денеска го погоди Тајван, гласат последните официјални информации на властите во островската земја. Над 70 лица, според овие информации се затрупани во урнатините предизвикани од потресот. Најголем дел од ќртвите настрадаа во округот Хуалиен, недалеку од епицентарот на земјотресот на истокот на островот.

Три лица загинаа на планинарската патека во Националниот парк Тароко, а четвртото во тунелот.

Повеќе од 50 луѓе се повредени, а некои се заробени во згради и во тунели во градот, соопшти пожарникарската служба. Повеќе згради во Хуалиен се урнаа.

Земјотресот беше под морето, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран околу полноќ, соопшти Сеизмолошката служба на Соединетите држави.

Предупредувањата за цунами беа на сила за Тајван, Филипини и во Јапонија. Опасноста од цунами помина, но населението е во состојба на готовност за можни последователни потреси.

Регион подложен на чести потреси

Тајван редовно го потресуваат земјотреси бидејќи тектонските плочи се судираат во регионот. Во 1999 година се случи најсмртоносниот земјотрес во историјата на Тајван. Околу 2.400 луѓе загинаа во земјотресите со јачина од 7,6 степени.

Делумно разурната зграда во Хуалиен, источен ТајванФотографија: TVBS via AP/picture alliance

Секоја година во Јапонија се случуваат околу 1.500 земјотреси. Најсилниот земјотрес во земјата досега е забележан во март 2011 година со јачина од 9 степени на североисточниот брег на земјата. Ова предизвика цунами во кое загинаа или исчезнаа околу 18.500 луѓе.

Природната катастрофа, исто така, резултираше со откажување на системот за ладење во нуклеарната централа Фукушима Даичи, при што се случи топење на јадрото во три од шесте реактори.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми