1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиШпанија

Загинати и повредени во уривање на ресторан на Мајорка

СН/агенции
24 мај 2024

Најмалку четири лица загинаа кога преполн ресторан се урна на Плаја де Палма на Мајорка. Засега не е позната националноста на жртвите. Нејасна е и причината за несреќата.

Несреќата се случи на Плаја де Палма медитеранскиот остров популарен меѓу туристите
Несреќата се случи на Плаја де Палма медитеранскиот остров популарен меѓу туриститеФотографија: Isaac Buj/EUROPA PRESS/dpa/picture alliance

Најмалку четири лица загинаа при уривање на објектот на ресторан на плажа во областа Плаја де Палма јужно од главниот град Палма де Мајорка. Полицијата на медитеранскиот остров, кој е многу популарен меѓу германските туристите, соопшти дека 16 повредени лица се пренесени во блиските болници. Се наведува дека седуммина од повредените се во критична состојба. Останатите девет се тешко повредени, но надвор од животна опасност.

Според властите на Мајорка, загинале еден маж и три жени. Засега не е позната националноста на жртвите.

Шефот на противпожарната служба во Палма, Едер Гарсија, рече дека повеќето од жртвите се странци „од различна националност и средовечна возраст“. Една од загинатите жени работела во ресторан, објави весникот Ел Паис и други медиуми.

16 повредени лица се пренесени во блиските болнициФотографија: Isaac Buj/EUROPA PRESS/dpa/picture alliance

Несреќата се случила на самата плажа. Зградата на Клуб Медуза бич се урна околу 20 часот и 30 минути. Првиот кат веднаш се срушил до подрумот, каде што исто вечерале многу гости, пренесе весникот Ел Паис и други медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Првата инспекција покажа дека преоптоварувањето на првиот кат е можна причина за уривањето, рече шефот на противпожарната служба Гарсија.

Јавниот медиумски сервис за Балеарските Острови, ИБ3, јави дека луѓето танцувале на терасата кога таа се урнала и паднала на катот подолу.

Спасувачките екипи трагаа по преживеани во урнатините во текот на целата ноќФотографија: Isaac Buj/EUROPA PRESS/dpa/picture alliance

Во раните утрински часови итните служби и натаму интензивно трагаат по жртви под урнатините. Нешто пред полноќ, портпаролот на полицијата даде добра вест: „Со 90 отсто сигурност“ нема повеќе жртви под урнатините, рече тој на прашањето на германската новинска агенција ДПА. Но, потрагата ќе продолжи онолку долго колку што ќе биде потребно, вели портпаролот, најверојатно „уште многу часови“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми