1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Загинати во Иран: Израел говори за напад во три бранови

СН/агенции
26 октомври 2024

Одмаздничкиот напад на Израел траел кратко и веројатно предизвикал мала штета. Бомбардирани биле во прв ред воените објекти на Иран. Сепак, Израел јасно го предупредува Техеран да не реагира.

Секојдневниот живот во Техеран продолжи нормално по израелскиот напад во текот на раните утрински часови
Секојдневниот живот во Техеран продолжи нормално по израелскиот напад во текот на раните утрински часовиФотографија: Arne Immanuel Bänsch/dpa/picture alliance

Одговорот на Израел на иранскиот напад на 1 октомври се чекаше со недели. Режимот во Техеран тогаш истрела околу 200 балистички проектили врз Тел Авив и други градови.

Денеска, во раните утрински часови на Шабат, следуваше реакција: Израелската армија соопшти дека  со борбени авиони нападнала околу 20 воени цели во Иран.

Операцијата траеше четири часа, објасни армискиот портпарол Даниел Хагари, а нападите беа извршени во три бранови непосредно пред изгрејсонце.

Меѓу целите биле складишта за ракети земја-земја и системи за противвоздушна одбрана. „Иран двапати го нападна Израел, загрозувајќи ги цивилите. Сега ја плати цената“, истакна Хагари, кој го прогласи нападот за завршен.

Според извештаите на медиумите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант претходно во телефонски разговор го одобриле одмаздничкиот напад. За него биле навремено информирани и САД. Според израелската војска не биле нападнати постројки за производство на нафта или нуклеарни постројки.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (во средина) телефонски дал зелено светло за нападотФотографија: Avi Ohayon (GPO)/Handout/Anadolu/picture alliance

Портпаролот на војската, Хагари, во исто време, испрати предупредување во случај на дополнителна ескалација: „Се фокусираме на војната во Газа и во Либан. Иран е тој што се обидува да го прошири конфликтот во регионот. Ние при овој напад одбравме само некои моожни цели.  А имаме повеќе цели кои можат да нидат нападнати доколку е потребно.Тоа е јасна порака до оние кои и се закануваат на израелската држава. Тие ќе платат висока цена за тоа“, порача Хагари.

Дали ќе има дополнителна ескалација зависи од Иран. Според тамошната војска, двајца војници загинале во израелскиот напад. „Војниците загинаа при одбраната на земјата“, се вели во соопштението на иранската армија кое го пренесе новинската агенција Тасним. Дополнителни детали, според соопштението, би требло да бидат објавени подоцна. Овие информации во моментов не можат да бидат независно проверени.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми