1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Папата Франциско е во болница поради респираторна инфекција

ЖА / дпа
30 март 2023

Папата Франциско е задржан во болница на неколкудневен третман, откако лекарите во изминатите денови му дијагностицирале инфекција на дишните патишта.

папа Франциско, болница, Рим, Италија
Болницата Агостино Гемели во Рим, каде е пренесен папата ФранцискоФотографија: Andrew Medichini/AP/dpa/picture alliance

Кратко пред Велигденските празници, расте загриженоста за здравјето на папата Франциско, откако 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква во средата ненадејно е пренесен во болница поради инфекција на дишните патишта.

Ватикан не прогнозира колку долго ќе трае престојот на папата во болница, портпаролот на Светата столица, Матео Бруни спомена „неколку дена“, заедно со информацијата дека првата ноќ поминала мирно. Италијанската новинска агенција Анса цитира извори од болницата, според кои  медицинскиот персонал е „многу оптимистичен“ дека папата веќе по неколку дена ќе може да се врати во Ватикан.

Пред болницата Агостино Гемели во Рим утрово се собрани десетици новинари и камермани, во очекување на нови детали за здравствената состојба на папата.

Новинари и камермани во очекување на вести за здравствената состојба на папата ФранцискоФотографија: Andrew Medichini/AP Photo/picture alliance

Нејасно е дали Франциско ќе може да одржува богослужба за Велигден, најважниот ден во католицизмот. Неговите термини за аудиенција во четврток и петок се веќе анулирани, како што известуваат медиумите, заедно со информацијата дека папата чувствувал проблеми со срцето уште за време на генералната аудиенција во средата. Тоа било повод неговиот личен лекар Масимилиано Страпети да го однесе во болница, но освен откриената респираторна инфекција, прегледите не довеле до загрижувачки наоди. Се истакнува исто така дека не е во прашање инфекција со коронавирус.

Папата Франциско во последно време се движи често со инвалидска количкаФотографија: VINCENZO PINTO/AFP

Папата Франциско се заблагодарил за желбите за брзо оздравување кои бројни верници му ги испраќаат и преку социјалните медиуми. Американскиот претседател Џо Бајден, кој и самиот е католик, на прием во Белата куќа ги повикал присутните да се помолат за папата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми