1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Историски масовни отпуштања во Мета

ЖА / агенции
9 ноември 2022

Шефот на интернет концернот Мета, на кој припаѓа и Фејсбук, најави укинување на 11.000 работни места. Марк Закерберг во соопштение до вработените денеска зборува за „најтешките промени“ во историјата на претпријатието.

Марк Закерберг крати илјадници работни места
Марк Закерберг крати илјадници работни места во МетаФотографија: Eric Risberg/AP/picture alliance

Марк Закерберг во соопштение упатено до вработените во концернот најави преземање одговорност, свесен дека оваа одлука ќе биде тешка за секој поединец, и изрази посебно жалење за оние кои се конкретно погодени од кратењата.

Концернот Мета, на кој покрај  Фејсбук  припаѓаат и Инстаграм и Вотсап, вработува 87.000 луѓе во светот. Кратењата, според најавата на Закерберг во прва линија се вршат во одделот за истражувања, кој главно се занимава со  метаверзум,  но и кај апликациите во Фејсбук, Инстаграм и Вотсап.

Во третиот квартал годинава концернот забележа намалување на добивката и голем пад на прометот. Исто како и останатите  големи фирми од областа на интернетот, чии приходи во најголема мерка се базираат на пари од реклами, Мета  моментално е соочена со проблем што претпријатијата во  сегашната несигурна економска клима ги кратат своите буџети за маркетинг.

Во обраќањето до вработените, Закерберг образложува дека сметал на непоматено продолжување на трендот на пораст на интернет трговијата од времето на пандемијата на коронавирус. „За жал, мојата проценка беше погрешна и преземам целосна одговорност за неа“, истакнува Марк Закерберг.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми