1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заколнатите девици во Албанија

01:33

This browser does not support the video element.

Мари Џослин
8 ноември 2023

Ѓустина е бурнеша, дел од стара традиција на северот на Албанија, која ѝ овозможува на жената да ја преземе улогата на маж во семејството ако се заколне на чедност. Како бурнеша, Ѓустина се грижи за своите браќа и сестри, но оваа традиција полека изумира.

Ѓустина „Дуни“ Гришај живее како маж. Тоа е вековна традиција. Ѓустина е една од заколнатите девици во Албанија, или бурнеша. Древниот албански обичај им дозволува на жените да станат глава на семејството и да ја преземат традиционалната машка улога - со сите нејзини права и обврски ако се заколнат дека ќе останат девици.

„Бурнешите ги чуваат старите добри традиции, како што се храброста и гостопримството. Тие се посветуваат исклучиво на своето семејство“, објаснува Ѓустина.

Тоа нема никаква врска со сексуалната ориентација, туку е чисто социјална функција.

Повеќе за бурнешите, во видеото.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми