1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоХоландија

Заложничката драма во Холандија е завршена

ЕМФ | агенции
30 март 2024

Сите заложници во холандскиот град Еде се ослободени, а напаѓачот е уапсен.

Припадници на специјалните сили на Холандија апсат маж пред бар во Еде
Припадници на специјалните сили на Холандија апсат маж пред бар во ЕдеФотографија: Remko De Waal/ANP/picture alliance

Заложничката драма во градот Еде, во близина на Утрехт, во Холандија, е завршена, изјави портпарол на градоначалникот на Еде, а пренесе агенцијата АНП.

„Ослободен е и последниот заложник. Едно лице е уапсено“, соопшти полицијата, додавајќи дека во моментов не може да се споделат други информации.

Полицијата изврши евакуација на областа околу барот каде што се одвиваше заложничката драмаФотографија: ANP/picture alliance

Новинарите на лице место јавуваат дека од барот каде што се одвиваше заложничката драма излегол маж со кренати раце, кој се предал и бил ставен во полициско возило.

Претходно, полицијата, која ја имаше евакуирано областа околу местото каде што беа држени заложниците, соопшти дека нема индиции за терористички мотив.Луѓето во барот биле држени како заложници од страна на маж со оружје и експлозив, напиша весникот „Телеграф““, цитирајќи неколку анонимни извори.

Специјалните единици кои, според информациите на телевизијата НОС, биле опремени и со робот за деактивирање експлозивни направиФотографија: ANP/picture alliance
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми