1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западен Балкан оди на училиште

02:06

This browser does not support the video element.

13 октомври 2023

Југоисточна Европа сѐ повеќе станува цел на кампањи за дезинформирање. Затоа, студентите од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Бугарија учат како се шират дезинформации и како функционираат лажните вести и дипфејкот. Проектот ЗфА се реализира во рамки на Берлинскиот процес.

Ерлинд од Косово го прашува Лазар од Нови Сад за состојбата со медиумите во Србија. Заедно со уште 23 млади од земјите од Западен Балкан и Бугарија, тие учествуваат во проектот „Западен Балкан оди на училиште“.

Јута Зиберц-Поца, раководителка на германско-албанскиот оддел во гимназијата „Сами Фрашери“, во Тирана, вели:

„Дел од Берлинскиот процес не се само големите, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, туку мислевме дека тука припаѓаат и младите. Значи, иднината на една држава. И тие мора да соработуваат и да бидат дел од ова меѓусебно разбирање. Никогаш не работи само од врвот кон дното. Мора да функционира и од дното нагоре.“

Младите ги ставаат под лупа медиумските пејзажи во ЈИЕ, учат за лажни вести, дезинформации, 
манипулации со медиумски содржини и вештачка интелигенција, со што станува сѐ поедноставно создавањето на дипфејкови.

Ваквите проекти им овозможуваат на младите не само да ги анализираат медиумите и да препознаваат лажни вести, туку преку нив младите и се зближуваат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми