1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБелорусија

Белорусија: Започнало стационирањето на руско атомско оружје

СН/агенции
26 мај 2023

Русија, според белорускиот претседател, почнала да распоредува тактичко нуклеарното оружје во соседната земја. Александар Лукашенко го потврди во Москва по средбата со претседателот Владимир Путин.

Сојузници: претседателите на Русија и на Белорусија, Путин и Лукашенко
Сојузници: претседателите на Русија и на Белорусија, Путин и ЛукашенкоФотографија: Vladimir Smirnov/TASS/dpa/picture alliance

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Русија почнала да распоредува тактичко нуклеарно оружје во неговата земја, со што се конкретизира најавата на претседателот Владимир Путин дадена во март за распоредувањето на ова оружје.

„Распоредувањето на атомското оружје веќе започна“, рече Лукашенко.

Вчера (25.05.2023) министрите за одбрана на Русија и на Белорусија, Сергеј Шојгу и Виктор Кренин потпишаа договор за официјализирање на процедурата за распоредување на руско нуклеарно оружје на белоруска територија, за што претходно се договорија лидерите на двете земји. 

Москва ќе има контрола над руското нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.

Министрите за одбрана на Русија и на Белорусија, Сергеј Шојгу и Виктор Кренин по потпишувањето на договорот за стационирање на руско тактичко нуклеарно оружје во БелорусијаФотографија: Vadim Savitsky/Russian Defence Ministry/AFP

Рускиот претседател Владимир Путин во март изјави дека Москва планира да распореди тактичко нуклеарно оружје со релативно краток дострел во Белорусија, со што набргу се согласи и Лукашенко.

Најавувајќи го почетокот на распоредувањето на нуклеарното оружје, Лукашенко изјави дека е во Москва и затоа не може да потврди дали ова оружје веќе пристигнало во Белорусија.

Руските власти се уште не реагирале на изјавата на Лукашенко.

Објавувањето на договорот предизвика незадоволство во западните земји, но и кај белоруската опозиционерка во егзил Светлана Тихановскаја.

Од друга страна, на фронтот во Украина започна повлекувањето на руската паравоена група Вагнер, која сака да ги отстапи своите позиции на руската регуларна армија во Бахмут. Вагнер пред неколку дена објави дека го зазел тој град во источна Украина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми