1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеЕвропа

Започнува зимското сметање на времето

ЕМФ | агенции
25 октомври 2025

Еден час повеќе сон - ноќва почнува зимското сметање на времето. Тоа, според истражувачите на спиењето, е „нормалното“ време за луѓето. Зошто?

Часовник со стрелки кои покажуваат 2:00 часот
Часовниците во повеќето европски земји ќе бидат вратени од 3:00 часот на 2:00 часот во недела наутро (26 октомври)Фотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

Со почетокот на зимското сметање на времето, часовниците во повеќето европски земји ќе бидат вратени од 3:00 часот на 2:00 часот во недела наутро (26 октомври). Зимското време потоа повторно ќе биде во сила до 29 март 2026 година.

За многу луѓе, враќањето на часовниците едноставно значи можност за малку повеќе сон. Според истражувачите на спиењето, зимското сметање на времето е „стандардно време“ – и треба да се применува преку целата година во Германија. „Ни треба светлина наутро, а не навечер – колку и да ми е жал за прекрасните долги летни вечери. Организмот е насочен кон будност само кога ќе добие светлина“, вели експертот за спиење Ханс-Гинтер Вес. Ова, нагласува тој, е подобро и за здравјето и за резултатите во училиште и на работа. Истражувачот не препорачува трајно летно сметање на времето за Германија. Ова би значело, на пример, „дека во зима понекогаш нема да биде светло до околу 9:00 часот наутро. Учениците сè уште би ги имале првите часови во темница“, потенцира Вес, кој раководи со одделот за медицина на спиење во Пфалцклиниката Клингенминстер.

Во моментов, Шпанија се залага за укинување на префрлањето од летно во зимско сметање на времето во рамките на ЕУ. „Искрено, повеќе не ја гледам поентата“, рече премиерот Педро Санчез во видео објавено на Платформа X. Во сите анкети, мнозинството Европејци се спротивставија на промената на времето, потсетува социјалистот. Мерката, според него, нема да заштеди енергија, туку ќе ги наруши биолошките ритми на луѓето двапати годишно. Затоа, неговата земја ќе работи на укинување на промената на времето почнувајќи од 2026 година.

Вакви иницијативи имаше често во текот на изминатите години. Европската Комисија во 2018 година спроведе анкета меѓу европските граѓани. Во тоа време, 84 проценти од приближно 4,6 милиони учесници во нерепрезентативното истражување, вклучително и 3 милиони Германци, се изјаснија против промената на сметање на времето. Повеќето луѓе гласаа за трајно летно сметање на времето. Потоа, тогашниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер најави крај на ваквата практика до крајот на годината. Но, пред да се стави крај, неопходно е сите земји на ЕУ да постигнат согласност дали сакаат трајно зимско или летно сметање на времето,а тоа засега не е на повидок.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми