1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Засилени руски напади, претстои конечната битка за Бахмут?

ЖА / агенции
8 мај 2023

Украина јавува за серија руски воздушни напади во повеќе градови, меѓу кои и Киев, каде се ранети неколку цивили. Руската војска засилено напаѓа во Бахмут, во обид да го освои градот пред 9 мај.

Бахмут Украина
Бахмут УкраинаФотографија: Iryna Rybakova/AP/dpa/picture alliance

Украинската војска јавува за настрадани цивили во најновите руски воздушни напади. „За жал, има мртви и ранети цивили“, соопшти Генералштабот во дневниот билтен. Само ноќеска биле изведени 16 руски ракетни напади, првенствено во градовите Харков, Херсон, Миколајев и во регионот Одеса. Русија нападнала и со 35 дронови од иранско производство во повеќе делови во земјата, а украинската противвоздушна одбрана успеала да спречи поголем дел од нив.

Најмалку пет лица, како што соопшти градоначалникот Витали Кличко на Телеграм, се повредени во руски воздушни напади на Киев. Сведоци за агенцијата Ројтерс посведочиле бројни експлозии во украинскиот главен град.

Украинската војска јавува и за засилена руска стрелба врз Бахмут,во обид да го освои градот до вторник. Украинскиот заповедник на копнените трупи, генералот Олександр Сирскиј по посетата на линијата на фронтот кај Бахмут изјави дека руските трупи ги интензивираат нападите со тешко оружје врз градот, користат помодерна опрема и се прегрупираат.

„Русите уште се надеваат да го освојат градот до 9 мај, а наша задача е тоа да го спречиме со сите сили“, изјави генералот.

9 мај, Ден на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, во Москва традиционално се слави со голема воена парада.

Битката за Бахмут - најдолгата битка во војната

02:17

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми