1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Здруженост на Бајден и Сунак

Кристијан Валц
9 јуни 2023

За време на првата посета на британскиот премиер Сунак на Вашингтон, беше нагласено сојузништвото на Велика Британија и САД. Сунак и Бајден се изјаснија и за долгорочна поддршка на Украина.

Британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Вашингтон
Британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во ВашингтонФотографија: Chris Kleponis/CNP/picture alliance

„Денес нема земја која ни е поблиска од Велика Британија“, оцени американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференцијата со британскиот премиер Риши Сунак во Вашингтон. Гостинот на Бајден изјави: „Британија и САД отсекогаш ги поместуваа границите на она што двете земји можат да го постигнат заедно. Затоа е сосема природно што, соочени со најголемата трансформација во нашите економии од индустриската револуција, ние гледаме еден кон друг за заедно да изградиме посилна економска иднина.“

САД и Велика Британија се решени да работат заедно за да изградат еластични, разновидни и безбедни синџири на снабдување и да ги намалат стратешките зависности, соопшти Белата куќа. Двете земји сакаат да преземат водечка улога во „технологиите на иднината“ и да обезбедат „новите технологии да работат во полза на нашите демократии и нашата безбедност, а не против нив“. Покрај тоа, Лондон и Вашингтон ќе работат и натаму на „натамошно зајакнување на нашиот сојуз во областите на одбраната, здравствената безбедност и патувањето во вселената“.

„Земји како Кина и Русија се подготвени да ја манипулираат и да ја користат нашата отвореност, да ја крадат нашата интелектуална сопственост, да ја користат технологијата за авторитарни цели или да кратат важни ресурси како енергијата“, рече Сунак. Но, според него, тоа нема да им успее.

Одлучно против Путин

Двајцата државници ја потврдија и својата долгорочна поддршка за Украина. Американскиот претседател увери дека на земјата ѝ се дава она што сега ѝ е потребно на бојното поле и се помага за долгорочно зајакнување на украинската војска. Британскиот премиер исто така подвлече дека на Украина ќе ѝ се помага онолку долго колку што е потребно. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, верува дека алијансата ќе се замори и ќе се откаже, оцени Сунак, додавајќи: „Но, тоа не е така.“

Во однос на напорите во Лондон да се постави Британец за наследник на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Бајден беше воздржан. За тоа да се постигне, мора да се најде консензус во одбранбената алијанса, рече Бајден. Британија има квалификуван кандидат, но за тоа мора да разговараат партнерите во НАТО, рече Бајден. Велика Британија се обидува да го постави министерот за одбрана Бен Валас за наследник на Столтенберг. Сунак води сѐ поотворена кампања за својот колега од кабинетот, но отпорот во Европа се чини е голем.

Сунак и Бајден ја потврдија и својата долгорочна поддршка за УкраинаФотографија: Susan Walsh/AP/dpa/picture alliance

„Одзема здив“

Бајден и Сунак особено зборуваа за односот кон вештачката интелигенција (ВИ). Велика Британија сака наскоро да биде домаќин на меѓународен самит на кој ќе се разговара за мерките за регулирање на ВИ. Кофа се работи за вештачката интелигенција, мора да се решат безбедносните ризици, рече Бајден. Во исто време, тој се осврна на можноста за фундаментален технички пресврт, веројатно единствен во историјата на човештвото: „Тоа го одзема здивот“, изјави американскиот претседател.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми