1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Струмичани први ќе се возат во електрични автобуси

ДТЗ /МИА
23 август 2024

„Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор“, вели струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

електрични автобуси
Струмичани први ќе се возат во електрични автобусиФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Струмичани не само што за првпат ќе добијат јавен превоз, туку наскоро ќе се возат во електрични автобуси. Првиот месец возењето во градскиот превоз ќе биде бесплатно, додека трае тест периодот. Во сообраќај ќе бидат пуштени 10 електрични автобуси, набавени на лизинг, за коишто општината ќе плати седум милиони евра. 

„Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор“, вели струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, кој ги презеде клучевите од десетте електрични автобуси во кругот на Аутомакедонија во Скопје. 

Декарбонизација на градовите 

Автобусите се очекува од 1 до 6 септември да бидат доставени во Струмица, а од 11 септември да бидат ставени во тест возење во траење од најмалку еден месец, период кога ќе има бесплатен јавен превоз за граѓаните, со цел да се отстранат евентуалните недостатоци.

„Испишуваме историја како граѓани на Струмица од причина што нашата општина досега немаше јавен превоз, а во исто време не може да се занемари фактот што Струмица е еден од градовите кој се соочува со енормна загаденост на воздухот. Кога се соочуваме со такви предизвици неопходно е да правиме револуционерни и радикални иницијативи и проекти како што е електрифицираниот јавен превоз со што стануваме првиот град на Балканот со имплементиран целосно електрифициран јавен превоз“, вели Костадинов.

Според него, прашање на време е кога ќе тропне на врата обврската од Европската Унија согласно новите регулативи кои предвидуваат до 2035 година 100 проценти од градскиот превоз да мора да има „0“ емисија на гасови заради декарбонизација на градовите и јавните превози.

Замена за автобусите - загадувачи во Скопје

00:57

This browser does not support the video element.

Зелена енергија

Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Струмица транспорт“ Драги Поп-Стојанов вели дека  воведување на 100 проценти електричен превоз е во согласност со концептот „Смарт сити Струмица“ заедно со велосипедските патеки што се изградени во потесното градско подрачје.

„Ние сме единствена општина во регионот и на Балканот што воведуваме 100 отсто електричен превоз што ќе користи електрична енергија која во наредна фаза ќе ја обезбедиме сами како зелена енергија во нашата автобуска база, каде што ќе биде полнењето на електричниот превоз. Таму имаме идеална можност за поставување фотоволтаични колектори на покривната конструкција од 5.000 квадратни метри за да можеме сончевата енергија да ја претвориме во електрична енергија и да добиеме потполна енергетска независност“, вели Поп-Стојанов.

Прогнозите се дека енергијата што ќе ја добиваат од планираната централа со капацитет од 1 мегават ќе биде сосема доволна да ги задоволи потребите за полнење на електричните автобуси, за греење и ладење на центарот за управување со тие автобуси, а вишокот енергија ќе се користи за осветлување на улиците на град Струмица со што ќе се добие уште поголемо олеснување врз буџетот на граѓаните.

Главниот град Скопје во 2018 година воведе пробен нов електричен автобус, а во градот сообраќаат и два екоавтобуси на гас. 

Како да преправите дизел автобус во електричен?

01:22

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми