1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски бара враќање на сите депортирани украински деца

ЕМФ / дпа
28 април 2023

Од почетокот на руската инвазија на Украина, според наводи на Киев, депортирани се речиси 20.000 украински деца. Украинскиот претседател Зеленски бара казни.

Детско игралиште во Запорожје
Детско игралиште во ЗапорожјеФотографија: Oleksii Kovaliov/Ukrinform/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара враќање на сите депортирани деца и казни за сторителите. „Депортацијата на украински деца е еден од сосема намерните елементи на рускиот обид да се избрише идентитетот на нашиот народ и битието на Украинците“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање вчеравечер (27.04).

Депортацијата на украински деца мора и политички и правно да се означи како геноцид, бара украинскиот претседател. Тоа е важно и за да се испрати сигнал до други потенцијални сторители: „Ќе има казни за геноцид.“

Според Зеленски, се работи на враќање на исчезнатите деца. Киев ја обвинува Москва за депортација на украински деца уште од почетокот на војната. Зеленски сега зборува за околу 20.000 депортирани малолетници.

Москва, пак, го демантира тоа и зборува за евакуации. Во март, Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската ополномоштеничка за детски права, Марија Лвова-Белова. Истрагата ги товари за воени злосторства, меѓу другото и за депортација на деца од окупираните украински територии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми