1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зеленски го фали Шолц, ја критикува Меркел

АРД
29 јануари 2024

Украинскиот претседател посакува Германија да игра водечка улога во воената поддршка на неговата земја. Во интервјуто за АРД, тој го пофали канцеларот Шолц.

Ukraine | Krieg | Präsident Wolodymyr Selenskyj
Фотографија: Presidential Office of Ukraine/SvenSimon/picture alliance

Каква е ситуацијата во Украина 700 дена по почетокот на големиот руски напад и како живеат луѓето со војната? Во претседателската палата во Киев новинарката на германскиот јавен сервис АРД Карен Миозга разговараше 45 минути со Володимир Зеленски за тешката состојба во земјата.

„Мислам дека војната на истрајност започна уште во 2014 година кога беше окупиран дел од нашата земја - Крим и Донбас”, вели тој во интервјуто. Речиси цели 10 години руските сили го окупираат украинскиот полуостров кој од Русија беше анектиран спротивно на меѓународното право.  

Речиси истовремено Русија под водство на своите тајни служби подбуцна војна на истокот на Украина. Сето тоа покрај  трошењето на луѓето веќе десет години доведува и до трошење на украинската економија, вели тој.

„Купишта лешеви” на военото поле

Тој не е сигурен дали на Русија воопшто тоа и` е целта. „Ним им е сѐедно дали ќе починат милион, два или три милиони луѓе”, вели Зеленски и додава дека тоа сега се гледа на примерот со Авдијивка. 

Претседателот кој во декември самиот отпатува во речиси целосно уништениот град на фронтот, зборува за безброј мртви руски војници. „Луѓето лежат на боиштето еден врз друг. Тоа се купишта лешеви. Тие не се трудат ни да ги однесат”, опишува тој што видел. Со месеци руската армија се обидува да го заземе градот во близина на Доњецк. Аналитичарите сметаат на огромни загуби на руска страна, но и војници на Украина гинат. Нив претседателот не ги спомена конкретно. На прашањето призна дека за него лично исто така постојано има тешки моменти. На пример кога се среќава со мајките на паднатите борци чии што синови веќе не може да ги врати. 

Зеленски смета на нов закон со кој треба да се внесе  праведност во мобилизацијата.  Многу војници веќе стотици денови се на фронтот и заслужуваат пауза. „Важно е војската заедно со Министерството за одбрана да подготви праведен одговор за ова прашање”, вели украинскиот претседател. 

Зеленски за неговата релација со Шолц одговара: „Ние сме тотално различни. Тоа не значи дека ни се разликуваат сфаќањата за ова што се случува. И не значи дека имаме различни вредности”, одговара тој. 

Главно е што различни луѓе „се обединети преку иста цел - и тоа преферирано целта за мир, не војна”. Тој го пофали канцеларот како еден од вистинските „лидери на Европа”. 

Блокадата на „Таурус” не е до Шолц 

Оваа изјава ја симболизира зачудувачката промена во германско-украинските релации. Во јануари 2023 украинскиот претседател на канцеларот во интервју за АРД му префрлаше недостиг на политичка волја. Зеленски тогаш немаше разбирање за блокадата на германската влада во однос на  испораката на тенковите „Леопард”.  По неколку дена беше дадено зелено светло. Пресвртот Зеленски го опиша вака: „Олаф подобро се запозна со мене и со Украинците”. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц во Њујорк, архиваФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

За Зеленски не е Шолц виновен што Германија и натаму не ги испорачува проектилите „Таурус”. Претседателот вели дека има многу нешта кои не може да ги каже јавно и продолжува со остра критика за владата на поранешната канцеларка Меркел. „Не сум разочаран од Олаф. Разочаран сум од германската политика која при опсадата на Крим не ја одигра улогата што Украина ја заслужуваше исто како и Европа и светот и сите луѓе кои тогаш беа живи и потоа загинаа во големата војна", рече тој. 

Конкретно очекувал уште тогаш Германија да заземе поодлучен став во однос на меѓународното право. Во Украина луѓето до денес не можат да разберат дека Германија и покрај анексијата на Крим и војната во Донбас, се држеше до економската соработка со Русија. 

Зеленски смета дека Германија може да има водечка улога

Што ако  САД во иднина отпаднат како најважен поддржувач на Украина? Зеленски смета дека ова е мошне малку веројатно, но може да си ја замисли Германија - актуелно вториот најголем поддржувач на земјата - во водечката улога. 

„Тоа би си го посакал", вели Зеленски и оценува дека Германија би можела да ја консолидира ЕУ. „Многу земји имаат сериозни економски врски и зависности од германските одлуки затоа што Германија има силна економија", одговори тој. Од негова гледна точка недостиг на поддршка од САД е грешка - и тоа за „сите”. 

Зеленски формулира проста равенка: или човек смета дека Украина има право и на Русија треба да и` се покажат границите, или човек се изложува на опасност. „Мислам дека или човек верува или не. Сакам само да кажам дека неверувањето на овој или оној, на некој министер, ќе чини многу скапо", истакна тој. За падот на рускиот авион во близина на Белгород,  Зеленски поради недостиг на информации не сакаше да се изјасни.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми