1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски не исклучува повлекување од Бахмут

ЕМФ | агенции
6 април 2023

Ситуацијата во која се наоѓаат украинските трупи во Бахмут, според зборовите на украинскиот претседател Зеленски, е тешка.

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски не исклучува повлекување од БахмутФотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на посетата на Полска се осврна на ситуацијата околу источноукраинскиот град Бахмут. „За мене е најважно да не губиме војници и, се разбира, генералите на лице место ќе донесат вистински одлуки доколку состојбата се влошува натамошно и доколку постои опасност да загубиме наши луѓе поради тоа што се опколени“, изјави Зеленски на прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда и со тоа првпат алудираше на можно повлекување од градот.

Украински војник во Бахмут (14.03.2023)Фотографија: picture alliance/dpa/AP

Во интервју за новинската агенција АП, Зеленски неодамна подвлече колку е важно да се брани Бахмут. Доколку градот падне во рацете на руските трупи, предупреди тој, тоа би можело да ѝ овозможи на Москва да собере меѓународна поддршка за договор кој може да бара неприфатливи отстапки од Украина.

Украинската влада досега постојано повторуваше дека нема да се повлече од Бахмут. „Бахмут има важна задача да ѝ нанесе на Русија што е можно повеќе загуби и пред сѐ да обезбеди подготовка на противнапад, кој би требало да се случи на крајот на април или мај“, оцени воениот аналитичар Павел Нарошни за украинското „НВ радио“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми