1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски објави ослободување на десетина окупирани места

СН/агенции
5 октомври 2022

Украина известува за дополнителни успеси во борбата против руската армија во нејзината контраофанзива. Претседателот Володимир Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање говореше за „добри вести“.

Украински војници на борбено оклопно возило на патот меѓу градовите Изјум и Лиман
Украински војници на борбено оклопно возило на патот меѓу градовите Изјум и ЛиманФотографија: Francisco Seco/AP/picture alliance

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинската војска направила голем, брз напредок против руските сили и ослободила од окупација десетици градови на југот и на истокот од земјата.

„Украинската војска напредува на прилично брз и моќен начин на југот на земјата во контекст на моменталната одбранбена операција“, рече Зеленски во видео обраќање. „Само неделава, од рускиот псевдорефрендум, се ослободени десетици населени места во Херсонската, Харковската, Луганската и Доњецката област.“

Украинскиот претседател Зеленски говори за голем и брз напредок на украинската армија Фотографија: dpa/APA Images/Zuma/picture alliance

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 30 септември потпиша документи со кои се формализира обидот Русија да ги припои украинските области Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, чии делови ги окупираа руските сили.

Претходно Москва режираше воени „референдуми“ во овие четири региони, кои ги отфрли меѓународната заедница.

Украинските сили во понеделникот повторно зазедоа неколку села во напредувањето долж стратешки важната река Днепар, соопштија украинските претставници и челникот на ова подрачје кое го поддржува Русија.

Фотографија на разурната куќа во ослободениот град ИзјумФотографија: Metin Aktas/AA/picture alliance

На истокот од земјата украинските сили ја проширија офанзивата по заземањето на главното руско упориште на северот на Доњецк, градот Лиман, неколку часа откако Путин минатата недела прогласи припојување на оваа територија со Русија.

Руските сили во регионите Доњецк и Херсон во изминатите денови беа присилени на повлекување и изгледа дека имаат проблем во запирање на украинската војска, која добива сѐ повеќе опрема од Запад.  Руски извори признаваат дека Украина постигнала „одреден напредок“. Извештаите од борбените зони тешко можат да се проверат независно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми