1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски: Војната може да заврши идната година

ЖА
24 септември 2024

Во Њујорк, Володимир Зеленски повикува на понатамошна поддршка од Западот за Украина - и најавува можност за скорешен крај на војната: „Русија практично ќе биде принудена да склучи мир“.

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски најавува можност за крај на војнатаФотографија: COMMONWEALTH MEDIA SERVICES/Handout via REUTERS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека војната во неговата земја против Русија може да биде окончана следната година. „Одлучното сегашно дејствување може да го забрза праведниот крај на руската агресија против Украина уште идната година. Нашиот победоносен план ќе придонесе за тоа, Русија практично да биде принудена на мир", напиша Зеленски на платформата Х по средбата со натпартиска делегација од Конгресот на САД. Во интервју за американската телевизија Е-Би-Си њуз, Зеленски изјави дека крајот на војната се ближи. 

Својот план Зеленски  има намера да го претстави во разговори, но и во јавни настапи во Њујорк. Неговата цел е со планот да обезбеди дополнителна  политичка и воена поддршка  од страна на сојузниците на Украина. 

Според извештај на британскиот весник „Тајмс“, барањето за  западни безбедносни гаранции  наликува на оние кои се стекнуваат со членство во НАТО. Освен тоа се  бара оружје,  без да се прецизира какво, и натамошна финансиска помош.

По средбата со делегацијата на американскиот Конгрес, Зеленски изјави: „Сега, пред крајот на годината, имаме вистинска шанса за зајакнување на соработката меѓу Украина и САД.“ Тој изрази благодарност кон Конгресот на САД, двете партии и комисиите за непоколебливиот ангажман.

Во својот говор на Самитот на ОН за иднината во Њујорк во понеделникот Зеленски изјави дека во подготовка е втор  мировен собир, на кој ги поканува сите шефови на држави и влади и нации, преку заеднички напори да пружат праведна и мировна поддршка.

„Путин украде многу нешта, но никогаш нема да ја украде иднината на светот, во тоа сум сигурен“, истакна Зеленски.

Москва и натаму  одбива да учествува на мировен самит.  Во јуни бројни држави учествуваа на првата  мировна конференција за Украина во Швајцарија, но без присуство на  Русија и Кина.Зеленски планира втора мировна конференција во ноември. Украинскиот претседател денеска ќе учествува на седницата на Советот за безбедност на ОН, а во среда веројатно ќе има обраќање пред Генералното собрание на ОН. Освен тоа, ќе биде примен од американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми