1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски предупредува од трета светска војна

ЕМФ / дпа
18 септември 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски непосредно пред почетокот на Генералната дебата во ОН предупреди од опасност од трета светска војна и го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Хитлер.

Украина Володимир Зеленски
Володимир Зеленски денеска треба да пристигне во ЊујоркФотографија: Dominik Butzmann/photothek/IMAGO

Во интервју во емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди од опасност од трета светска војна и го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер. Руското општество, според Зеленски, ја загубило почитта од страна на светската јавност.

„Тие го избраа и го реизбраа и донесоа втор Хитлер“, изјави Зеленски. Според него, времето сега не може да се врати назад, но Путин може да биде запрен. „Ако Украина падне, што ќе се случи за десет години?“, прашува украинскиот претседател, кој наведува дека ако Русија стигне до Полска, тогаш ќе дојде до трета светска војна. Затоа, според него, светот ќе мора да се одлучи дали Путин треба да биде запрен, или треба да се предизвика светска војна.

Зеленски денеска (18.09) треба да пристигне во Њујорк. Таму утре почнува Генералната дебата на Генералното собрание на ОН, на која треба да зборуваат над 140 шефови на држави или влади од светот. Се очекува украинскиот претседател да привлече големо внимание. Со напрегнатост се очекува седницата на Советот за безбедност на ОН, закажана за среда (20.09), каде Зеленски можеби првпат по почетокот на војната во Украина ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Украинскиот претседател треба да води и разговори во Вашингтон. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми