1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски: Пронајдена е „масовна гробница“ во Изјум

ЕМФ | агенции
16 септември 2022

Украина ја обвинува Русија за нови воени злосторства. Во „масовна гробница“ во Изјум се пронајдени над 440 тела, се тврди од украинска страна.

Украинскиот претседател Зеленски зборува за „масовна гробница“ во Изјум
Украинскиот претседател Зеленски зборува за „масовна гробница“ во ИзјумФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

По повлекувањето на руските трупи, во украинскиот град Изјум е пронајдена „масовна гробница“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Преземени се неопходните процесуални дејства“, рече Зеленски во својата вчерашна (15.09) видео порака.

Шефот на полициските иследници во регионот Харков, Серхиј Болвинов, за онлајн весникот „Украинска правда“ исто така зборува за „масовна гробница“ во шума во Изјум, во која, како што се вели, се пронајдени повеќе од 440 тела.

Зеленски го посети Изјум во средата (14.09). Денеска во градот треба да влезат и новинари. „Сакаме светот за дознае што навистина се случува и до што доведе руската окупација. Буча, Мариупол и сега, за жал, и Изјум: Русија насекаде остава смрт и мора да одговара за тоа“, изјави Зеленски.

По повлекувањето на руските трупи од киевското предградие Буча, украинската страна се жалеше дека таму и на многу други места, се извршени најтешки воени злосторства. Во Буча, според украинските власти, биле убиени стотици цивили, а во Мариупол дури и илјадници цивили.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во меѓувреме не исклучува евентуално изведување на рускиот претседател Владимир Путин пред Меѓународниот кривичен суд. Нема соменвање дека во Украина се извршени најтешкивоени злосторства, рече Фон дер Лајен за „Билд ТВ“. Таа смета дека судски процес против Путин пред Меѓународниот кривичен суд е „можен“.

     

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми