1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: „Војна само заради убивање“

ЖА / агенции
2 јануари 2023

Во агресорската војна против Украина, Русија засилено користи „камиказе“ дронови, на мета ноќеска повторно бил и главниот град Киев.

Украина Русија Киев војна
Руски напади со дронови врз КиевФотографија: Gleb Garanich/REUTERS

Украинскиот претседател со остри зборови ги осуди руските воздушни напади со дронови врз неговата земја. „Руските терористи се бедни и на таков начин и стартуваа во новата година“, изјави Володимир Зеленски. Но, со дронови, ракети и се` друго што користат, руските војници не можат да напреднат, зашто нас не` држи нашата сплотеност, а руската армија ја држи само стравот. „А тие со право се плашат, зашто ќе загубат“, истакна Зеленски во својата видео порака.

Киев повторно под руска стрелба

По најновите ноќешни руски напади со дронови, во Киев повторно има оштетувања на делови од критичната инфраструктура – има прекини на струја и парно греење, соопшти градоначалникот Витали Кличко. Претходно украинската армија информираше за пресретнување на 20 летечки објекти над Киев, најголем дел т.н. „камиказе“ дронови Шахед 136 од иранско производство. Во неделата, според украинската армија, руските окупаторски сили во 16 наврати испалиле ракети, посебно на мета била детска болница во јужниот украински град Херсон.

Украински напад со дронови врз руска инфраструктура

За прекин во снабдувањето со електрична енергија се јавува и од рускиот регион Брјанск. „Денеска утрото беше извршен украински напад со дронови во општината Климовскиј“, напиша Александер Богомаз на Телеграм, по што во општината која граничи со Украина снемало струја. 

Советникот на Зеленски: Русија применува нова стратегија

Со масивните воздушни напади врз редица украински градови, според мислењето на советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, Русија преминува кон нова стратегија. „Русија веќе нема воени цели, туку се обидува да убие што е можно повеќе цивили и да уништи што е можно поголем број цивилни објекти. Во меѓувреме, ова стана војна само заради убивање“, напиша Подољак на Твитер.

Крвави битки во Бахмут

Во екот на жестоките битки на фронтот кај украинскиот град Бахмут, руските трупи, според украински информации, претрпеле тешки загуби. Само во саботата биле убиени 170 руски војници, а 200 се ранети во обидите за напад на градот, изјави Сергиј Череватиј, портпарол на украинската армиска група Исток. Тој ситуацијата за напаѓачите ја опиша како „лента на смртта“. Неговите наводи не можат независно да се проверат. И руската страна редовно јавува за нанесување големи загуби кај противникот.

Бахмут се смета за т.н главен столб на украинската фронтовска линија во источниот дел од земјата. Руските напади, се тврди, ги предводат припадниците на озлогласената платеничка група Вагнер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми