1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зеленски сака да ја казнува корупцијата како предавство

ЕМФ / дпа
28 август 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да го изедначи кривичното дело корупција со предавство на земјата.

Володимир Зеленски, претседател на Украина
Володимир Зеленски, претседател на УкраинаФотографија: president.gov.ua

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави закон за поистоветување на корупцијата со предавство за време на војната. „Не знам дали законодавниот дом ќе го поддржи овој предлог, но јас дефинитивно ќе го предложам“, рече Зеленски во интервју објавено вчера (27.08). Успешнатаборба против корупцијата и сивата економија е и во рацете на граѓаните и компаниите, предупреди Зеленски. „Мораме да бидеме искрени, мора да плаќаме даноци“, рече тој.

Досега украинското законодавство предвидуваше различни казни за корупција, кои се движат од парична казна до четири години затвор. Во особено тешки случаи, казната може да биде и до дванаесет години. Предавство, пак, се казнува со 15 години до доживотен затвор.

Подобрата борба против корупцијата е важна и за евентуален пристап на Украина во ЕУ. Освен тоа, Европската комисија бара да се почитуваат стандардите во борбата против перењето пари и да се спроведе закон против прекумерното влијание на олигарсите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми