1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски: Досега се убиени 31.000 украински војници

СН/агенции
26 февруари 2024

Досега немаше официјални информации за тоа колку украински војници загинале во војната. Сега претседателот Зеленски за првпат изнесе конкретни бројки: Според него, досега се убиени 31.000 украински борци.

„Секоја жртва е голема загуба за нас“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски
„Секоја жртва е голема загуба за нас“, изјави украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Од почетокот на руската агресорска војна во Украина пред две години,според украинскиот претседател Володимир Зеленски,убиени се 31.000 украински војници. „Не се 300.000, не се 150.000, како што тврдат Путин и неговиот круг на лажговци“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев. „Секоја жртва е голема загуба за нас“, додаде тој. 

Ова е првпат од почетокот на војната властите во Киев да дадат конкретни бројки за воените загуби.Зеленски изјави дека нема да дава информации за бројот на повредените или исчезнати војници, бидејќи тоа може да биде од корист за руската војска. Осврнувајќи се на другите воени жртви, тој рече: „Не знаеме колку наши цивили убија“. Но, веројатно има десетици илјади во окупираните области на земјата. Јасност, според Зеленски, ќе се постигне дури по завршувањето на војната.

Украински воени вдовици – заедно во болката

00:58

This browser does not support the video element.

Колкави се загубите на Русија? 

И на руска страна информациите за загубите во војната во Украина досега беа ретки. Последните официјални податоци се од јануари 2023 година, кога Министерството за одбрана на Русија објави дека бројот на убиени руски војници е нешто повеќе од 6.000. Според извештајот на американските разузнавачки служби објавен во средината на декември 2023 година, 315.000 руски војници загинале или биле ранети во Украина. 

Во студија објавена во саботата, независните медиумски портали „Медуза“ и „Медиазона“  бројот на убиени руски војници до крајот на 2023 година е проценет на околу 75.000. Руската страна постојано повторуваше дека западните проценки за бројот за загинатите руски војници се претерани.

Дали бројот од 31.000 убиени украински војници што сега го спомнува Зеленски е точен? Тоа, но и бројките за загинати руски војници во двегодишниот конфликт не можат независно да се проверат. Се верува дека и украинската и руската страна го минимизираат бројот на загинати војници. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми