1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаХоландија

Железничка несреќа во Холандија

ЕМФ | агенции
4 април 2023

Едно лице загина, а околу 30 се повредени во железничка несреќа што рано изутринава се случи во Холандија.

железничка несреќа холандија
Во несреќата загина најмалку едно лицеФотографија: Kyrlian de Bot/REUTERS

Тешката сообраќајна несреќа во која загина најмалку едно лице, а триесетина се повредени, се случи околу 3:25 часот, на 15 километри пред Ден Хаг. Според досегашните информации, еден патнички и еден товарен воз излетале од шините и удриле во кран.

Несреќата се случила на 15 километри пред Ден ХагФотографија: Piroschka Van De Wouw/REUTERS

Во моментот на несреќата, според наводи на холандската железница, во патничкиот воз се наоѓале 50 до 60 патници. Засега нема информации за причината за несреќата, која што се случи на трасата од Амстердам до Ден Хаг, која е многу оптоварена.

Засега нема информации за причината за несреќатаФотографија: Kyrlian de Bot/REUTERS

Според изјави на сведоци, патничкиот воз од шините излетал на ливада, а притоа се превртеле најмалку два вагона. Најголемиот дел од патниците успеале сами да излезат од возот. „Ударот беше голем, прозорците се распрскаа“, изјави еден од патниците.

Спасувачки екипи на местото на несреќатаФотографија: Kyrlian de Bot/REUTERS

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека се работи за „ужасна железничка несреќа“ и им изрази сочувство на жртвите и нивните семејства.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми