1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Земјотрес во Турција: Последните преживеани

СН/агенции
18 февруари 2023

Спасувања кои се граничат со чудо: По разорниот земјотрес во Турција и во Сирија во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе, се уште се наоѓаат преживеани. Шансите за пронаоѓање уште преживеани се намалуваат од час во час.

Сцени од спасувањето на три лица во Антакија по 296 часови минати под урнатините
Сцени од спасувањето на три лица во Антакија по 296 часови минати под урнатинитеФотографија: Esref Musa/AA/picture alliance

Дури 296 часа, односно 12 дена, откако разорниот земјотрес го погоди јужниот дел на Турција, под урнатините на зграда во Анатакија беа спасени три лица, меѓу кои и едно дете. Според последните информации станувало збор за двајца сопружници и нивното дете

Спасувачките тимови, меѓу кои и спасувачи од Киргистан, по извлекувањето од под урнатините ги предале повредените на медицинските служби и се пренесени во болница. Телевизиските снимки  прикажуваа три лица кои медицински тимови ги префрлаат во болница.

Трите спасени лица, меѓу нив и едно дете, во Антакија беа префрлени во болница, но детето починало набргу по неговото извлекување од под урнатинитеФотографија: Esref Musa/AA/picture alliance

Меѓутоа 12-годишното дете, починало набргу по спасувањето, јавија турските медиуми. Родителите пак, според последните информации, се во стабилна состојба. 

Иако постои надеж во урнатините да се пронајдат уште преживеани, шансите се намалуваат од час во час.  Сепак чуда се и натаму можни. Вчера, под урнатините на зграда во покраината Хатај, беше спасен и еден маж дури 278 часа по земјотресот.

Турските спасувачки тимови и денеска продолжија да ги пребаруваат урнатините. Стручњаците велат оти најголем број преживеани можат да бидат спасени во перодот од 24 часа по земјотресот.

Бројот на починати во разорниот земјотрес на југот на Турција се зголеми на 39.672 лица, соопшти турското Минситерство за внатрешни работи.

Спасувачите во Хатај работат деноноќно со надеж дека ќе спасат уште преживеани луѓеФотографија: YASIN AKGUL/AFP/Getty Images

Во соседна Сирија, претходно разорена од 12-годишната граѓанска војна, досега од земјотресот животот го загубија над 5.800 лица.

Со тоа бројката на загинати во двете земји порасна на 45.472. Ни Турција, ниту Сирија не соопштија колку луѓе сѐ уште се водат за исчезнати по земјотресот. Во Сирија најголемиот број жртви се на североистокот на земјата. Настојувањата да се помогне на населението ги попречуваат конфликтите меѓу владините сили и бунтовниците.

По земјотресот: Кога и надежта ќе умре

01:21

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми