1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортАлжир

Спор за полот на алжирската боксерка Имане Келиф

Штефан Нестлер
2 август 2024

На Светското првенство во 2023 година, боксерката Келиф беше дисквалификувана поради покачено ниво на тестостерон. На Алжирката ѝ беше дозволено да се натпреварува на Олимпијадата - и победи за помалку од една минута

Имане Келиф на Олимписките игри во Париз против Ангела Карини
Алжирската боксерка Имане Келиф на Олимписките игри во Париз против италијанска противничка Ангела Карини Фотографија: John Locher/dpa/picture alliance

Првата борба на алжирската боксерка Имане Келиф на  Олимписките игри во Париз  траеше само 46 секунди, а потоа стигна до четвртфиналето во категоријата до 66 килограми. Нејзината италијанска противничка Ангела Карини се откажа од борбата по два тешки удари во главата, а потоа во солзи одби да се ракува со боксерката од Алжир.

„За мене ова не е пораз“, изјави Италијанката подоцна „Јас сум зрела жена. Рингот е мојот живот. Отсекогаш сум делувала многу инстинктивно. А кога имам чувство дека нешто не е во ред, тоа не е во ред. Не значи дека се откажувам, станува збор за зрелост, да можете да кажете 'доволно, доста е'".

Дисквалификација поради ДНК тест

Учеството на Имане Келиф на  Олимпијадата во Париз  привлече големо внимание поради нејзината дисквалификација од Светското првенство во Њу Делхи во март 2023 година. Во тоа време, на Келиф не ѝ беше дозволено да се натпреварува во финалето за злато на Светското првенство по ДНК тест.

Образложението на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) беше дека Алжирката го крши правилото според кое некој со XY хромозоми не може да се натпреварува во женска конкуренција. Од истата причина, Тајванката Лин Ју-Тинг, која го освои бронзениот медал на Светското првенство, потоа беше дисквалификувана.

Жените обично имаат два хромозоми Х, а мажите имаат еден Х и еден Y хромозоми. Во ретки случаи, има жени кои имаат женски полови карактеристики, но и машки Y хромозом.

Пред почетокот на Олимписките игри во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) сепак дозволи да се натпреваруваат 25-годишната Имане Келиф и 29-годишната Лин Ју-Тинг. Според МОК, сите спортисти кои учествуваат на боксерскиот турнир на Олимпијадата во Париз 2024 година „ги исполнуваат условите за учество, како и сите важечки медицински прописи“.

​​​​Силен удар на Имане Келиф во главата на Ангела КариниФотографија: John Locher/AP/picture alliance

Портпаролот на МОК Марк Адамс ја бранеше одлуката за прием на алжирската и на тајванската боксерка на натпреварувањето. „Се работи за луѓе, ние зборуваме за животите на луѓето“, рече Адамс „Тие се натпреваруваа во женски натпреварувања, победуваа против жени и загубија од жени во текот на годините“.

И Имане Келиф и Лин Ју-Тинг веќе се натпреваруваа во бокс за жени на Олимписките игри во Токио 2021 година, но не освоија медали. Првиот натпревар Тајванката ќе го има во Париз денеска (02.08).

Италијанската премиерка Мелони зборува за „нееднаква борба“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони од десничарската партија Браќа на Италија ја осуди „нерамноправната“ борба по поразот на Ангела Карини од Имане Келиф:

„Не се согласувам со МОК. Мислам дека спортистките со  машки генетски карактеристики  не треба да учествуваат во женски натпревари“.

Националниот олимписки комитет на Алжир, од друга страна, ги осуди критиките што беа упатени кон Келиф, особено на социјалните мрежи. „Овие обиди за клевета врз основа на лаги се целосно неправедни“, објави НОК на Алжир „Сите сме со тебе, Имане. Целата нација е со тебе и горда на твоите достигнувања."

МОК организира боксерски натпревари во Париз

Вообичаено, светските федерации на одделни спортови се одговорни за правилно спроведување на олимписките натпревари. Сепак, на игрите во Париз, самиот МОК организира натпревари во бокс.

Олимписката организација трајно ѝ ги одзеде олимписките права на Светската боксерска федерација (ИБА) во 2023 година, меѓу другото, поради сомневање за корупција и манипулација со одлуки во борби. Меѓународниот суд за спортска арбитража ја отфрли жалбата на ИБА против одлуката на МОК. Останува да видиме дали боксот ќе остане олимписки спорт.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми