1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зголемена безбедност во НАТО-базата во Гајленкирхен

ЕМФ | агенции
23 август 2024

Воздухопловната база на НАТО во Гајленкирхен, Германија, ја зголеми безбедноста поради потенцијална закана.

Авиони Авакс на НАТО
Авиони Авакс на НАТОФотографија: Imani West/U.S. Air Force/ZUMA Press Wire/picture alliance

Во воздухопловната база на НАТО во Гејленкирхен, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е прогласено второто највисоко ниво на предупредување „Чарли“. По дефиниција, ова ниво на тревога значи дека можеби имало инцидент или разузнавачки информации кои укажуваат дека е многу веројатна терористичка акција против организација или персонал на НАТО. Портпарол на базата изјави дека зголемениот степен на безбедност доаѓа по разузнавачки информации кои укажуваат на можна закана. Сите вработени кои не биле неопходни се испратени дома. „Безбедноста на нашите вработени е наш главен приоритет. Операциите продолжуваат според планираното“, напиша здружението Авакс на платформата X.

„Чиста мерка на претпазливост“

„Ова не е причина за загриженост и е чисто мерка на претпазливост за да се осигураме дека можеме да продолжиме со нашите критични операции“, изјави портпарол на базата без да даде какви било други детали. Од полициски извори се потврдува дека полицијата презема мерки, но и оттаму нема други детали.

Во Гајленкирхен, во близина на Ахен, се стационирани авиони Авакс на НАТО. Мултинационалната единица врши воздушен и поморски надзор и се користи во мисии за водење на борбени авиони како еден вид летачки команден центар. НАТО има 14 вакви преправени авиони Боинг 707. Летечките системи за рано предупредување редовно се користат и на источната граница на територијата на алијансата, во близина на Русија и Украина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми