1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Живеење со социјално табу: силувани мажи во Косово

Вјоса Ќеркини
14 март 2024

Масовното силување беше широко распространето воено злосторство за време на војните во поранешна Југославија, вклучително и на Косово во 1998-1999 година. Жртвите биле и мажи. Еден од нив зборува за ДВ.

Косово
Шабан помина вкупно три години во затворФотографија: Vjosa Çerkini/DW

Шабан во 1998 година имал само 19 години. Косовскиот Албанец, чиј идентитет е заштитен, за ДВ анономно ја раскажува својататрауматична приказна.

Во септември 1998 година, кога српските трупи за време на нивното напредување против борците на ОВК стигнале до неговиот округ во централно Косово, го уапсиле заедно со околу 200 други мажи и ги одвеле во полициска станица. Тој не ни претпоставувал дека тоа што се случи потоа ќе го промени целиот негов живот.

Тие индивидуално биле повикани на сослушување, вели Шабан. Биле третирани сурово и понижувачки. Повеќе пати ги тепале и ги клоцале. Шабан го издвоиле од редот на уапсените. „Потоа полицијата ме одведе во тоалет и ми го направи најлошото“, вели Шабан со растреперен глас. Најлошото - така го нарекува тој силувањето. Не сака да раскажува во детали.

Дури и сега, децении подоцна, тој е на работ на солзи. Тоа сеќавање е толку страшно. Но, тоа било само почеток. Го ставиле во затвор поради тероризам. „Наводите за терористички активности беа неосновани и едноставно измислени“, вели Шабан.

Косово и НАТО

Ескалацијата на војната меѓу Србите и косовските Албанци – особено масакрите во Рачак и Преказ, во кои српските сили убија околу 100 Косовци – на крајот доведе до интервенција на НАТО. Во јуни 1999 година, Србите беа принудени да се предадат. Пропадна обидот за укинување на автономијата на косовските Албанци во рамките на Србија, која им ја гарантираше основачот на Југославија, Тито. За Шабан тоа не значело крај на страдањата. Од затворот во Косово бил префрлен во Ниш на југот на Србија и таму останал уште три години, до 2001 година.

Шабан не сака да го покаже своето лице, ниту да го каже вистинското имеФотографија: Vjosa Çerkini/DW

Силувањето е забрането воено злосторство. Жртвите се првенствено жени. Од друга страна, ретко се слуша за силување на мажи. А, силувањето за нив значи барем исто толку стигма колку и за жените.

„Традиционалниот концепт на маж како силна фигура која се соочува со тешки предизвици е во контраст со искуството на сексуално насилство во војна“, вели психологот Севиер Изети, кој со години се занимава со темата на силуваните мажи.

„Психолошки гледано, искуството на сексуално насилство ги потресува до самите темели на нивниот идентитет и ги тера да страдаат во тајност“, вели Изети. „Тие се чувствуваат слаби и засрамени“. Логичната последица на ова, вели тој, е „што мажите тоа го чуваат во тајност, па затоа имаат потешкотии во пристапот до потребните услуги за рехабилитација и не сакаат да се подложат на професионален третман и официјално признавање на нивниот статус“. И тоа е причината што само неколку десетици жртви се пријавиле во Косовскиот центар за рехабилитација на жртви на воена тортура.

Семејството не знае ништо

Среде Приштина се наоѓа и Плоштадот Хероина, во спомен на жените жртви на силување. Релјефот на женско лице, широк 4 метри и долг 5 метри, е направен од 20.000 метални плочки, од кои секоја симболизира жена силувана за време на војната.

На докажаните жртви на силување државата им плаќа месечна пензија од нешто повеќе од 200 евра. Но, тој доказ значи соочување со доживеаното и презентирање на случајот пред комисијата.

Сеќавање на жените силувани во војната во Косово 1998/99 година.Фотографија: Bettina Marx/DW

На Шабан долго време му беше незамисливо да зборува пред комисијата. Ниту неговото семејство не знае што му се случило. Тој е оженет и има деца, но траумата не ја споделил со семејството. Така е и со многу други жртви кои молчат за злосторството извршено врз нив. На крајот, сепак, Шабан одлучи да зборува пред комисијата и сега е еден од оние чие силување за време на војната во Косово е признаено.

Животни маки по затворот 

Последиците од силувањето се огромни: Шабан живее во страв секој ден. Не може да спие без терапија. Од излегувањето од затвор тој се лекува и постојано е под лекарства. „Воопшто не можам да живеам како што треба без лекови. Бев без лекови два дена, потоа целото тело почна да ми се тресе и сеќавањата се вратија“.

Плочки со ликот на жена во спомен на жртвите на силување за време на војната во Косово 1998/99 година.Фотографија: Bettina Marx/DW

„Комисијата на Владата на Косово која ги регистрира жртвите го призна статусот на жртви на сексуално насилство на 1.629 лица, од кои 1.540 се жени, а 89 се мажи, вклучувајќи го и Шабан“.Ако бројот на метални плочки на Плоштад Хероина за жртвите е приближно точен, бројот на непријавени случаи е 20 пати поголем. Тоа значи дека околу 1.000 мажи можеби биле силувани за време на војната во Косово.

Тајноста е поважна од парите

За оваа тема уште не се разговара отворено. Дури и можноста за компензација ретко ги поттикнува потенцијалните жртви да се појават. Би било големо олеснување за нив ако можат да разговараат со некого во доверба.

„Разговорот би значел духовно ослободување“, вели Шабан. „Не се работи за парите. Третманот и доверливоста ни се многу поважни. И затоа повеќето жртви на силување решија да молчат, до денес.

„Ако луѓето дознаат, нема да имам за што да живеам“, вели Шабан. „Мојот најголем страв е дека моите роднини или некој друг ќе ја откријат мојата тајна. Тогаш луѓето ќе зборуваат за тоа што ми се случи, од што најмногу се плашам“.  

Сексуалното вознемирување на Косово е апсолутна табу тема

02:31

This browser does not support the video element.

Вјоса Ќеркини Се занимава главно со теми од Косово, другите балкански земји и нивните односи со Западот
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми