6 април 2024
Реклама
Филип е ученик, има 11 години и две изложби зад себе. Со четката и боите ги надминува ограничувањата и стигнува до посакуваните предели.
„Јас сум Филип Циглењак Симоновски. Јас сум дете со аутизам. Омилен месец ми е април и ќе ви кажам зошто... Бидејќи април ме асоцира на пролет кога се буди цреша, вишна ... и месец на аутизмот“, вели тој.
Филип е едно од многуте аутистични деца на кои државата не им знае број. Спектарот од бои на платната, се спектар од дневни битки на семејството. кое со уникатен пристап избира шанса за себе, но и за Филип