1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Соученички убија 12 годишно девојче

БГ /АФП
14 март 2023

Две ученички го признаа убиството на нивна 12-годишна соученичка во германскиот град Фројденберг, потврди полицијата. Случајот ја шокираше Германија.

Германија Убиство
Полиција на местото каде што било пронајдено убиеното девојчеФотографија: Rene Traut/IMAGO

Жртвата Луизе, чие целосно име поради заштита на идентитетот не се објавува, исчезна во саботата попладне откако ја напуштила куќата на другарка во градот Фројденберг, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Телото на Луизе беше пронајдено следниот ден во шумска област недалеку од нејзиниот дом.

„Детето починало како резултат на бројни убоди со нож и од губење на крв“, изјави обвинителот во Кобленц, Марио Манвајлер, додавајќи дека „немало индиции за сексуално злоставување“.

Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, го признаа убиството, додаде Флоријан Локер, шеф на одделот за убиства на полицијата во Кобленц. 
Двете девојчиња дали изјави за случајот и го признале злосторството, додаде Локер.

Убиеното девојче и нејзините убијци се познавале, рече Манвајлер но одби да даде други детали поради возраста на осомничените, кои се премногу млади за да бидат обвинети во Германија.

Во Германија, возраста за кривична одговорност започнува од 14-та година. 

Без зборови

Истрагата се уште не успеала да го пронајде ножот или ножевите кои биле користени во убиството.

Девојчињата осомничени за злосторството станале цел на истрагата поради тоа што нивните првични изјави биле спротивни на изјавите на други сведоци. За време на второто интервју во присуство на нивните старатели и психолози во понеделникот, тие биле соочени со контрадикторностите и на крајот го признале злоделото. 

Знамињата пред училиштето во кое учеше 12-годишната Луизе беа спуштени на половина копјеФотографија: Roberto Pfeil/dpa/picture alliance

„По повеќе од 40 години во службата, сѐ уште постојат настани кои ве оставаат без зборови“, изјави заменикот-претседател на полицијата во Кобленц, Јирен Сис.

Луизе требало да се врати дома по посета на пријателка, но нејзините родители ја алармираа полицијата уште во саботата вечерта, откако таа не се вратила. Нејзиното исчезнување отвори масовна потрага која вклучуваше голем број полицајци, хеликоптер, дронови и кучиња-трагачи.

Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вист, изјави дека убиството го шокирало.

„Непојмливо е и речиси неподносливо дека деца се способни за вакви акти“, рече тој.

Локалните жителите ставаат цвеќиња и свеќи на местото на кое беше пронајдена Луизе.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми