1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Раст на берзите и покрај кризите

Бригите Шолтес
27 август 2022

Расположението во економијата е лошо. Инфлацијата, проблемите во дистрибутивните синџири, енергетската криза и војната во Украина ги влошуваат прогнозите. Зошто берзите и покрај ова забележаа раст во летните месеци?

Симболичен приказ на движењето на вредноста на индексот на акции на берзата во Франкфурт
Симболичен приказ на движењето на вредноста на индексот на акции на берзата во ФранкфуртФотографија: Arne Dedert/dpa/picture alliance

„Тоа беше летно рели, имаше многу еуфорија на пазарите", вели Крис Оливер Шикентанц, поранешниот врвен инвестициски стратег на акционерското друштво Капител Менаџмент од Франкфурт.

По „најлошото полугодие на пазарите со акции и позајмици во поголем временски период”, акционерите видоа дека компаниите сепак поминаа подобро во вториот квартал отколку што првично страхуваа, вели Шикентанц кој претходно истата функција ја извршувал за Комерц банката.

Загрижен поглед кон Џексон Хол

На почетокот на неделата на берзите сепак имаше пад. Акционерите сега со загриженост следат што ќе се случува на состанокот на Федералната банка во Џексон Хол во Вајоминг, САД. Дали првиот човек на банката, Џероми Пауел, ќе најави натамошна драстична каматна мерка за борба со инфлацијата?

Роберт Халвер, шеф стратег на банката Бадер е убеден дека ќе биде така. Податоците од пазарите во САД се добри, а Федералната банка ги зема в предвид и нив, покрај зголемувањето на цените. Изминатите недели курсот значително порасна и заради тоа што финансиските пазари се надеваа дека каматите на почетокот на годината би можеле да паднат.

Европа е погодена

Експертите сега прават разлика меѓу европските и глобалните пазари со акции.

Тоа од една страна се должи на фискалната политика: дури и ако Федералната банка не ги зголеми каматите на почетокот на годината, сосем поинаку би можела да постапи Европската централна банка. За да остане кредибилна, ќе мора подолго да ги зголемува каматите за да ја сузбие инфлацијата и да ја задржи стабилноста на еврото.

Еврото се ближи кон паритет и би можело дури и повторно да падне на 0,95 во однос на американскиот долар, вели Халвер. „Парите одат онаму каде што носат најголема добивка", вели берзанскиот експерт. За него актуелно нема причина да инвестира во еврозоната. Халвер посочува на високите цени на гасот и струјата, кои трошоците за компаниите ги креваат до плафон.

Како натаму ќе се одвиваат работите на европските берзи зависи од одлуките на ЕЦБ предводена од Кристин ЛагардФотографија: Daniel Roland/AFP/Getty Images

„Во иднина тоа ќе бидат трошоците на работењето", вели Халвер и Европа ја оценува како „континент кој тоне”. Цената на енергенсите на други места е значително помала, посочува тој. Европскиот континент е и посилно погоден во споредба со други региони од последиците од војната.

Колку вреди германскиот берзански индекс ДАКС?

И Кристијан Калер, основач на инвестицискиот бутик Калер Курц Капитал, е песимист што се однесува до развојот на курсот на ДАКС во претстојните месеци. „Оптимист сум и натаму за американските и глобалните пазари на акции", вели тој и посочува на подобриот квалитет на компаниите кои се на американските берзи.  „Технологија, телекомуникации, нафта - сето тоа се бранши кои се застапени таму", вели Калер.

Но, не се сите експерти толку песимисти во однос на ДАКС 40. „Во индексот се опфатени многу компании кои работат интернационално”, вели Халвер од банката Бадер. Тие може да профитираат од пониските цени на енергенсите надвор од Европа.

И Калер вели дека ДАКС, ако се гледа само развојот на курсот, е многу ниско оценет, од 2013/14 се развивал повеќе странично. Но, за разлика од другите големи берзански индекси во светот, ДАКС се пресметува според перформансите, односно вклучително и со исплатените дивиденди.

Да се преброди зимата

Во следните месеци може да има силни осцилации на пазарите. “Тоа ќе остане така сѐ додека не се разјасни кој пат ќе го фатат народните банки", оценува Калер.

Зимското полугодие ќе биде тешко, смета и Шикентанц од Капител. Кога ќе помине зимата, најлошото веројатно ќе го имаме зад себе, оценува тој. „Тогаш ќе нема веќе страв од рестрикции", се согласува и Халвер.

Во меѓувреме советуваат да се биде многу внимателен со изборот на акции во кои се вложува. „Ако светската економија следната година конечно се опорави, со полна сила може да се инвестира во цикличните акции", заклучува експертот Халвер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми